(ФОТО) Сузана Гавазова се простува од својот колега: Не напушти на 21 година, голема загуба

  • By admin
  • октомври 25, 2021
  • 0
  • 17411 Views

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Струмичанката на почетокот на 2010-та години ја изненади јавноста кога раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Веќе добро познато е за Гавазова и нејзиниото семејство дека по шест години живот во Шведска, се вратија во Македонија.

Фолк-пејачката Гавазова иако живееше во Шведска, која важи за една од најдобро уредените земји во Европа, сепак реши да се врати во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.

Гавазова е родена на 21 декември 1979 година. Потекнува од струмичкото село Сушица. Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда.

Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди.

Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола. Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров, по што следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка. Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани.

Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“ и третиот со македонски староградски песни.

Како што е познато во текот на вчерашниот ден пристигна вест од соседна Бугарија дека повеќе помеѓе живите не еден од најомилените млади изведувачи на „Малер“ Денис Теофиков од Бугарија.

Според „24 Часа“, младата ѕвезда скокнала од 7-ми кат на зграда во месноста Царско Село во Софија.

Според извори на 21-годишниот фолк пејач и син на виртуозниот гитарист Атешкан Теофиков скокнал од станот на неговата девојка Алекса.

Неговите колеги, Лорена и Антонио ја споделија веста за пејачот меѓу првите на Интернет.

– На 21 година не напушти еден од најдобрите млади изведувачи на музичката куќа „Паинер“ – Денис Теофиков. Пејачот засекогаш ќе остане во нашите срца како младо и бескрајно талентирано момче кое накратко стана идол на публиката и успеа да доминира кај публиката со својата харизма и целокупните хитови, а сцената буквално блескаше каде и да беше на неа – напиша Лорена на нејзиниот Инстаграм профил.

Од него по пат на Инстаграм се прости и Гавазова која веројатно се познавала со Денис и притоа напиша:

Прес трашно е кога некој толку млад ќе изгуби живот. Едно младо и бескрајно талентирано момче од Бугарија не напушти на 21 година. Огромна загуа за Бугарија. Сочуство. Нека по чива во мир.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.