Најавена инвазија на дијаспората во Македонија за изборите: Пристигаа стотина автобуси и 40 авиони

  • By admin
  • октомври 25, 2021
  • 0
  • 3441 Views

Како што е познато предстојната недела на 31. октомври ќе следи втор круг на локалните избори во општините каде што не се доби градоначалник.

Една од нив е и Општина Кичево каде што по првиот круг минимално водство има ВМРО ДПМНЕ.

Околу 40 авиони и стотина автобуси со иселеници Албанци се очекува да пристигнат в петок и в сабота во земјава, за на 31 октомври, во вториот круг од локалните избори, да гласаат за кандидатот на Демократска унија за интеграција Фатмир Дехари, по третпат да биде избран за градоначалник на Кичево.

Според информации на Слободен печат од , очекувањата се најмалку 5.000 гласа од албанската дијаспора да му помогнат на Дехари во борбата против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, кој во првиот изборен круг победи со 250 гласа предност.

– Дијаспората веќе е организирана и со авиони и автобуси од цела Европа ќе дојдат во Кичево за да му дадат поддршка на Дехари. Има најава дека и наши иселеници од САД ќе дојдат за гласањето.

Дијаспората самоиницијативно се организира, не ја организира Демократска унија за интеграција. Очекуваме масовно да дојдат, бидејќи в понеделник е католичкиот празник Денот на сите светци, така што е неработен ден, па ќе можат да се вратат – велат од Демократска унија за интеграција

Лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети ја повика дијаспората на 31 октомври да се врати дома и да го поддржи нивниот кандидат за градоначалник.

„Заедно сме биле предизвикани во повеќе наврати и никогаш не сме се откажале. Сме застанале силно затоа што сме биле заедно, како цел народ посветен на нашиот роден град.

Еден од најголемите предизвици што ги имавме овие години е враќањето на Кичево во наши раце и денес не треба да дозволиме историјата да се врати назад. Ве повикувам уште еднаш да се сплотиме за нашето Кичево и на 31 октомври сите патишта да нè носат дома“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Дека иселениците веќе се организираат за доаѓање во Кичево на денот на изборите, потврда стаса од „Обединетата кичевска дијаспора“, која преку соопштение повикува гласање за кандидатот Албанец во Кичево. Патувањата ќе се организираат преку нивните здруженија во Швајцарија, Австрија, Германија, Италија.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

„Почитувани сонародници, во Кичево ние Албанците сме физичко мнозинство и имаме можност да станеме политичко мнозинство. Значи, наше е да го водиме Кичево.

Градоначалникот, во принцип, мора да биде Албанец. Затоа, Обединетата дијаспора од Кичево ги повикува сите сонародници да се мобилизираат и да заминат во својот роден град, во Кичево, да гласаат за кандидатот Албанец во вториот круг од локалните избори што ќе се одржат в недела, 31 октомври 2021 година“, пишува во соопштението.

Целата сторија во целост може да ја прочитате на Слободен Печат

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.