Новинарот Огнен Јанески од Телевизија 24 емотивно се потсети и воедно прости од Атанас Вангелов на својот профил на фејсбук каде што сподели неодамнешно интервју:
Поч инал проф. д-р Атанас Вангелов, еден од најдобрите познавачи на делото на Блаже Конески. Поетски го напушти овој свет, токму во годината кога се одбележуваат 100 години од раѓањето на кодификаторот, а две недели по добивањето на државната награда за животно дело, „11 Октомври“.
Едно од најсуштествените интервјуа кои сум ги направил во последните години е тоа со проф. Вангелов, на почетокот од годинава, во рамки на рубриката „Разговори за Конески“ која е дело на соработка со Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“.
Во интервјуто (емитувано на 26 март 2021), поранешниот универзитетски професор, а тука наменски ќе спомнам и поранешен пратеник, член на Парламентарното собрание на Советот на Европа и амбасадор во Унгарија, зборувајќи за својата книга „Лирската биографија на Конески“ (2020), ќе рече:
– „Песната „Молитва” и песната „Лажни пророци” никој не би рекол дека тоа се во основа политички песни, затоа што во нив тој говори за лажни пророци, оние кои се занимаваат со перманентна демагогија во својот живот и во таа демагогија живеат, а тоа е демагогија на политичарите од било која идеолошка боја.
А за тоа станува збор и во неговата „Молитва”. Таа молитва е упатена кон многу контексти истовремено, меѓутоа во времето кога е пишувана очигледно е дека актуелизира еден контекст кога однатре беше бр утално на паѓан и ликот и делото на Конески, а особено неговата научна дејност од областа на науката за јазикот.
Јас тука нема да спомнувам конкретни имиња само ќе потсетам дека едно од тие имиња беше на времето и министерот за култура на Република Македонија и од таа позиција со една камарила луѓе тој практично го дискфалификуваше јазикот на кој говореше истиот тој министер.
Една парадоксална ситуација, меѓутоа вистинита и може да се потврди со огромен број факти.
Лириката на Конески е таква што истовремено активира многу контексти, допушта во конкретни околности, во конкретно време, во конкретна ситуација, да се идентификуваат носителите на некои било социјални, било психолошки, било политички состојби и појави.
аков е и случајот со оваа песна „Молитва” на која се задржав малку, каде што беше употребена за политичка пр опаганда од оние кои га зеа, така да се каже, најбрутално, по душата на Конески.“
Во прилог на оваа објава, го споделувам и интервјуто со проф. д-р Атанас Вангелов за рубриката „Разговори за Конески“.
Сочувство до семејството. Нека поч ива во мир.