Се повеќе се барани, но малку се ценат – работна позиција која е важна за сите

  • By admin
  • октомври 22, 2021
  • 0
  • 1017 Views

Продавачите и касиерите се меѓу најбараните професии поради растечкиот тренд на нови дуќани и шопинг центри.

Без разлика дали се работи за бутици или за продавници за храна, за нив секогаш има работа, бидејќи работат најмалку шест дена во неделата за плата што едвај ги покрива месечните трошоци.

Најтешко им е на работниците во дисконтите, каде што се работи за тројца – се прима и реди стока, се услужува и се наплаќа. Затоа и не е чудно што во оваа професија има најголеми флуктуации и постојани селидби од еден во друг маркет, бутик или месарница.

Големите трговски синџири постојано имаат отворени огласи, за работа на продавачи, касиери, работници за сортирање или магационери, има и на речиси секој вебсајт за вработување. Најбарани се продавачите за кои има 402 слободни места.

Специфично се бараат 82 касиери и 116 магационери. И ако просечната нето-плата во земјава за јули беше 28.540 денари, таа во трговијата на мало е само 22.148 денари.

Некои од трговските синџири, освен платените изработени часови, дополнително нудат и повисоки дневници за сабота, недела и празник, регрес за годишен одмор над вообичаениот, приватно здравствено осигурување за лојалните вработени…
Но, да се пронајде добар продавач не е едноставно, а експертите се сложни дека еден од најважните фактори е ниската плата.

– Многу трговци веруваат дека може да заштедат на своите продавачи, а тоа резултира со постојани проблеми со вработените. Згора на тоа, не е секој подготвен да го следи распоредот на смените, што понекогаш значи 12-часовно работно време.

Особен проблем е и превозот, бидејќи продавачите се категорија вработени кои преферираат да работат во близина на својот дом, бидејќи малата плата не им дозволува да користат такси доколку останат по завршувањето на ноќната смена – објаснуваат искусните трговци.

Дел од продавачите се жалат и дека граѓаните „го истураат целиот стрес врз нив“. Особено сега во пандемијата, тие беа на првата линија на фронтот, па иако носеа визири, ракавици и маски, мал дел од нив добија можност за организирана вакцинација

За 60 отсто е зголемена вредноста на трансакциите во онлајн трговијата во првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Податоците на Асоцијацијата за е-трговија покажуваат дека за 6 месеци, македонските граѓани потрошиле речиси 170 милиони евра, што се направени во повеќе трансакции отколку за целата 2019 година.

Извор: Вработување

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.