Љубчо Георгиевски вечерва откри каква понуда имал Груевски за името во 2008 година

  • By admin
  • септември 21, 2021
  • 0
  • 19477 Views

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и поранешниот пратеник Исмет Рамадани вечерва гостуваа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Екс премиер Љубчо Георгиевски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека додека бил тој на власт имало обид да се реши името со Северна Македонија.

„Јас ја пуштив информацијата во медиумите, а СДСМ толку „скокаше“ тоа време, мислам дека и некој шт рајк организираа. Времето не беше толку зрело, ниту пак некој не притискаше толку многу.“, истакна Георгиевски.

Георгиески открива интересни детали од минатото во Македонија. Откри дека тогашната партија СДСМ, организирала протести против менување на името во Северна Македонија, кое било идеја токму на Георгиевски.

Георгиевски во ТВ21 ексклузивно открива дека во 2001 година бил подготвен само за надворешна употреба да го смени името во Северна Македонија, имет кое ќе го добие државата 18 години подоцна за секаква употреба.

„Јас бев подготвен тогаш, и внимавајте, тогаш ќе беше само за надворешна употреба. И требаше само со БЈРМ, да се замени со Северна Македонија. Северна или Горна, уште не беше дефинирано од грчка страна“, вели Георгиевски.

Тој рече дека Никола Груевски во 2008 година имал исто така можност да го смени името само за надворешна употреба, но не прифатил, и Георгиевски додава дека Груевски да прифател тогаш, сега Македонија ќе била членка на ЕУ.

„Јас се обидував да ги решавам проблемите на државата. Тоа е доблест. Најлесно е премиерот да каже го оставам овој проблем за некој друг. Како Никола Груевски што правеше.

Груевски после Букурешт имал понуда промена на име само за надворешна употреба. И сега што е патриотизмот? Дали ќе беше Груевски патриот да го прифати тоа после Букурешт во 2008 само за надворешна употреба?

Тогаш го немаше проблемот со Бугарија, ќе го немаше со Грција, и сега ќе бевме членка на НАТО, ќе бевме и во Европска Унија“, потенцира Георгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.