Како што е познато, пред два дена Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека во пишана форма ја понудил оставката до премиерот и владиниот кабинет.
– Никогаш не бегав од кри тика никогаш не останав должен одговор, последната тагедија многу ме погоди, жалам и сочувствувам со нивните семејства, нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата.
Како лекар и министер имам интегритет и денеска понудив пишана оставка до владата, кажа Филипче.
Пред година и пол, го регистриравме првиот ковид случај во нашата држава, од тој ден до денес секогаш пред граѓаните стоев отворено и транспарентно никогаш не бегав од кр итика, никогаш не се откажав од би тката да ја победиме пандемијата – рече Филипче.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Вкупно се аплицирани 1.381.901 дози вакцини, а ревакцинирани се 623.278 граѓани.
Во петокот и саботата вкупно се вакцинирале 23.221 граѓани.
Прва доза вакцина во петокот и саботата примиле 4.019 граѓани.
54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.
30% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и см ртен исход од болеста.