(ВИДЕО) Вечерва врие во Кавадарци – се повеќе народ, но и полиција пред најпознатата визба

  • By admin
  • септември 11, 2021
  • 0
  • 14851 Views

Иако се чинеше дека најголемата винарска визба во земјава „Тиквеш“, ќе го почитува договореното и ќе плаќа по 11 денари за смедервката и 13 за вренец – картошија, сепак тоа не случи.

Лозарите незадоволни, како што велат, од манипулативниот однос на визбата, денеска попладне започнаа протест пред „Тиквеш“.

Повеќе лозари добиле покани за да берат картошија, но откако стигнале со полни трактори пред визбата им било кажано дека грозјето нема да им биде откупено, доколку не надминува 19 малигани.

Потоа за грозјето со 19 малигани и помалку им била понудена цена од само 8 денари за килограм. Тоа ја прелеа чашата и лозарите почнаа да го истураат грозјето од приколките пред влезот на винаријата.

Пред само три дена министерот за земјоделство Арјанит Хоџа на лозарите им вети дека ќе се откупи целото произведено грозје и дека откупната цена за оваа реколта изнесува 11 денари за „смедеревка” и 12-13 денари за „вранец”.

За цело време со лозарите беа градоначалникот Митко Јанчев и пратениците од Кавадарци, Даниела Колева и Зоран Јованчев.

„Разговаравме со менаџерскиот тим кој предложи решение, но од страна на лозаропроизводителите беше одлучено да се продолжи со протестот со истурање на грозјето пред влезот на винаријата на неколку трактори.

Морам да напоменам дека бев во постојана комуникација и со премиерот кој изрази разбирање за протестите на лозарите и во знак на поддршка презеде обрвска да се обештетат сите лозари чие грозје не е откупено денес заради помала шеќерност.

Се надевам дека во текот на утрешниот ден со оглед дека нема многу време за преговори ќе се изнајде решение на проблемот, за што постојано ќе бидеме вклучени во преговорите“, објави на својот фејсбук статус на Даниела Колева.

Информациите од терен велат дека се повеќе народ има пред визбата, која ја чува кордон од полиција, но лозарите ги турнаа портите на визбата, а атмосферата буквално врие.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.