Јоце од Германија по одморот во Македонија: Сега и никогаш повеќе

  • By admin
  • август 22, 2021
  • 0
  • 25039 Views

Додека едни едвај чекаат да се вратат дома и да го почувствуваат шмекот на татковината, други веќе полека се откажуваат од неа. Иако ни се чини доста неверојатно дека некој човек може да го отсака местото каде што се родил и пораснал, сепак постојат и такви.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на еден наш иселеник во Германија кој ни ги објаснува причините поради неговата одлука.

„Нека не ме сфаќаат луѓето погрешно, јас продолжувам да си ја сакам мојата Македонија како и порано, едноставно не можам да ги разберам луѓето и начинот на живот таму.

Не дека нешто многу сум напреднал откако се иселив од дома, но сите сме свесни дека ретко кој се пожалил од животот во странство. Најмногу заради заработувачката остануваме сите. Нормално, парите што ги заработувам во Германија доле ни за 5 месеци не можам да ги имам.

Јас сум од постарата генерација, се иселив негде пред 20 години од Македонија и можам да кажам дека оттогаш скоро се тргна надолу во земјата. Секоја година си одам надолу двапати годишно.

Некогаш сами со сопругата некогаш со децата заедно, тие си врват по својот пат секако не ни прават друштво многу. Моите родители уште се живи и најмногу заради нив си одам, да се видиме и да им потпомогнеме нешто.

Небројано многу пати сум си одел и свесен сум за карактерот на Македонците, но последниов пат кога бев долу до толку бев изнервиран што ете веќе не сакам ни лице да им видам на некои луѓе.

Одлуката ми е отсега па натаму да си одам само на неколку дена да ги видам моите и толку. Не за џабе рекле Македонците се единствени во светот по културата и однесувањето.

Па поголема зло ба, несогласувања меѓу луѓето и оговарања не сум видел никаде. Замислете, долу бев само на две недели и се најдоа еден куп возрасни луѓе – пазете, возрасни, кои за се нешто ми приговараа.

Не знам што попрво од случките да набројам. Во тие две недели имав 4 пријавувања поради тоа што на одредени личности нешто им пречело. Еве, јас испланирав нешто околу куќата да спремам, двор, огради и на една многу мудра комшика и текнало да ме пријави поради тоа што сум и брмчел цел ден, не можела да одмара на раат. Ништо бев опоменат еднаш.

Потоа, им пречело затоа што автомобилот неколку пати сум го оставал на тротоарот зашто во дворот немаше место поради реновирањето. Џабе се расправав, некои луѓе од збор не се разбираат, не сакав да правам сцени и да си рушам углед за само две недели.

Многу паметни луѓе се нашле во таа мала земја, никој во својот двор не си гледа туку само во туѓиот. Не сфаќаат дека утре и тие може да се најдат во иста ситуација, па и тие ќе пречат некому, но ајде, ја разбирам лу тината, не им се допаѓа тоа што јас можам да средувам околу домот а тие со нивните плати не можат.

Има толку многу зави ст меѓу Македонците што не им се допаѓа ниту ако нивниот роден брат си купи автомобил, а камоли повеќе. Што да кажам и за државните институции, тоа сè да ти било станато на лева нога – друга причина нема.

Настрана тоа што нема никаков ред, туку вработените што седат таму по цел ден и одмараат се за карање. Сакаме во Европа да влегуваме, а немаме општа култура ниту функционалност на институциите.

На пример, бевме да средиме некои документи и слободно ќе кажам дека од никој од вработените не сум задоволен. Не знаат да ти објаснат, ти викаат, нестрпливи се, се однесуваат како ти сам сè да треба да знаеш инаку само им го трошиш времето.

Како и секогаш, мора да се мавтаме со денови по државните врати, де системот е паднат, де немаме обрасци, де го нема шефот да потпише, де ова, де она, веќе ми скисна од враќање секој ден, па дури еднаш и се испокарав со тие на шалтер.

Другите па наместо да чекаат на ред, се туркаат, секој сака да си заврши работа и да бега. Е, тоа ни е македонштината. За еден бел лист ќе се испокараме меѓусебе, а не сме ние виновни.

Во Европа се знае, одиш еднаш и завршуваш работа, те има во систем и некогаш се компјутерски ти завршуваат, ни чекаш, ниту носиш дополнителни документи како долу.

Не знам, секој има различно искуство, а моето е тоа. И дефинитивно веќе одморот ќе си го користам негде на море, освен неколку дена кај моите родители и ќе уживам, нема да се замарам со луѓе кои ми го расипуваат расположението. Срамота, не е Македонија лоша како земја туку народот што живее во
неа.

Автор: А. Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.