Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржа прес конференција на која меѓу другото најави дека Арената Борис Трајковски повторно ќе се претвори во пункт за вакцинација, но овојпат тоа ќе биде малата сала.
Како што информираше на вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 652.340 граѓани. Прва до за вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.099 граѓани.
– Апелирам до граѓаните да се вакцинираат, има доволно вакцини. Имајќи го предвид пртисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и да ја стават салата во функција.
Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20-тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растерети гужв ите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови, рече Филипче и додаде:
-Болниците во Тетово, Гостивар се исполнете, а делумно Кичево и Струга, како и Инфективната клиник во Скопје. Постојано сум во комуникација со нивните директори и ја следиме сосотојбата
-Вакцинацијата треба да го спречи ширењето и да создаде колективен имунитет. Прво граѓаните мора да знаат – додека сите не се вакцинираме ова нема да престане и тоа е единствениот спас.
Тоа е причината зошто се носат овие мерки. Ние секојдневно комуницираме со комисијата за за разни болес ти, следиме што се случува.
Овој бран има слични карактеристик сегде во регионот, се враќаат луѓето од одмори и бројот на нови случаи расте и затоа се овие мерки што ќе следат. Ова може да се спречи со зголемување на вакцинацијата.