За жал од ден на ден, поточно од час на час во Македонија се појавуваат се повеќе и повеќе пожари, па надлежните не можат да постигнат.
Притоа секој ден започна да пристига меѓународна помош од Србија, Словенија, Австрија. А се почна од големиот празник Илинден на 2. август во Кочани каде што и беше најтешко.
Добро познато е дека во нашата држава недостигаат голем број пожарникар, како и опрема што најдобро се виде сега во оваа ситуација.
Поради ова на помош излезе месното население кое иако необучено за вакви ситуации, сепак помагаше храбро.
За да ситуацијата биде интересна, но за жал ова во Македонија стана пракса да не е изненадувачко е следниот пример.
Имено две здрави, младаи и подготвени момчиња од Велес, по име Благоја Ѓорчевски и Боби Драскачев се дечките кои секогаш се спремни да помогнат безрезервно во секоја пожар.
Меѓудругото, заедничко за нив е што двајцата беа пожарникари, на двајцата не им беа продолжени договорите за работа.
Тие со сопствено возило пристигнаа во Кочани и веднаш се упатија над складот над Макпетрол во гаснење на огнот.
Сличен пример е и со младиот Александар Ѓоргиевски од Штип кој исто така бил поранешен пожарникар, човек кој си ја сака својата професија па дури бараше и бесплатно да работи, но беше одбиен.
Токму и Бате Аце како што го знаеме сите и е човек со големо срце и хуманост исто така со група десетина млади сограѓани од Штип гаснеше во Кочани, но и во Пехчево.
Се наметнува прашањето кога веќе имаме недостиг на пожарникар, а приота веќе имаме готови пожарникари кои седат дома и притоа се млади и здрави и работоспособни, зошто не се примаат на работа