Црни облаци го покрија Кочани – граѓаните се мобилизираат, нов голем пожар близу градот

  • By admin
  • август 2, 2021
  • 0
  • 5473 Views

Во Кочани граѓаните, но и надлежните служби немаат мира ниту денес, на големиот празник.

По големиот пожар пред неколку дена кој со крајни сили и помош од воздух беше локализира, денес повторно нови неубавави сцени.

Градот Кочани повторно е покриен со црни облаци од густ чад по нов голем пожар кој поради силниот ветер забрзано се шири.

Првично голем настана над селото Бели на ридот Сламерник кој е во непосредна близина на Кочани.

Екипи на ТППЕ Кочани се на терен заедно со месното население се бо рат  која брзо се шири поради силниот ветар.

Целосно однесе 13 декари лозје, а огнот се можеда да зафати и други земјоделски поседи.

Во моментот месното население се мобилизира за гаснење на огнот кој брзо се шири.

Локалниот сајт „Гласно.мк“ информираш дека пожарот на ридот Сламерник во селото Бело е локализиран и ставен под контрола.

Пожарникарите заедно со месното население успеаа да направат обрач и да го локализираат пожарот. Според информациите од терен изгорени се неколку насади со лозје и сува трева.

На помош на кочанските пожарникари се и екипи од виничката противпожарна служба. Поради пожарот без електрична енергија е целото село.

Пожарникарите и месното население се на терен но поради силниот ветер истиот повторно започна да се шири и стигна до населеното место Драчевик.

Поради ова граѓаните во Кочани на социјалните мрежи започнаа да се мобилизират за да заминат на терен и да и помогнат во гасење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.