Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија, во градските подрачја живородени се 11 258 деца или 59.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7 773 или 40.8 % деца се живородени во селските подрачја.
Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.8 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29.8 години, а 28.4 години во селските подрачја.
Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28.1 година, а во селските подрачја 25.9 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2.2 години.
Во градските подрачја се упо коиле 15 948 лица или 61.9 %, а 9 807 лица или 38.1 % во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број лица, по региони, има Скопскиот со 28.5 %, а најмало Вардарскиот Регион со 8.1 %. Во градските подрачја има 64 упо коени доенчиња, додека во селските подрачја 44.
Просечната возраст на упо коените лица во градските подрачја изнесува 73.1 година, а во селските 73.6 години.
Природниот прираст е негативен и изнесува -4 690 лица во градските подрачја и -2 034 лица во селските подрачја. Само Скопскиот Регион бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст.
Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37.6 % имаат преселбите од село во град наспроти меѓуградските преселби со 8.7 %.
Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот Регион со 50.9 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54.2 %.
Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион, 785 лица, а најмало во Југoисточниот Регион, односно -129 лица.
Од Македонија се отселиле 1.082 лица во 2020, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика. Вкупно 664 од отселените живееле во градски подрачја, а 418 во селски.
Во поглед на региони, предничи Југозападниот регион, откаде се отселиле 257 жители во други држави. Следуваат Југоисточниот регион со 218 отселени жители во други држави, Полошкиот со 149, Вардарскиот со 142 и Источниот со 139.
Скопскиот регион има најмалку жители што се отселиле во други држави – само 42.
Во 2020 во Македонија се доселиле 1.848 странски државјани, и тоа 1.428 во градски подрачја, а 420 во селски.
Во однос на внатрешните миграции, во Македонија минатата година се преселиле вкупно 2.920 лица, од кои најмногу лица – 1.457 – се преселиле во Скопскиот регион, а најмалку во Североисточниот – 179.
Истовремено, од Скопскиот се отселиле најмногу лица во друго место во Македонија – 514. Следуваат Вардарскиот со 407, Пелагонискиот со 394, Источниот со 393 и Југозападниот со 374. Најмалку отселени лица во границите на земјата минатата година биле од Југоисточниот регион – вкупно 209.