2 Бона: Изминативе 20 години сме пумпани со српска музика, работиме на тоа да се смени

  • By klaster2
  • февруари 9, 2022
  • 0
  • 579 Views

Музичкото дуо ,,2-Бона” несоменено е едно од најпопуларните не само во Македонија туку и на Балканот, трапери кој набрзина ги освоија срца на многумина.

Членови на групата се Марио Јелиќ-Кун, во улога на продуцент, текстописец и пејач и Антонио Стојановски-Тонито, во улога на текстописец и пејач.

Нивната музика е инспирирана од новите светски современи музички трендови и е наменета за ноќни клубови и дискотеки кој што ги полнат при секое нивно присуство.

Имаат издавачка куќа позната како „Gorilla TV” основана во 2020 година. А досега направија соработка со неколку балкански ѕвезди.

Овојпат тие беа гости ов емисијата ,,Бекстејџ” каде отворено зборуваа за нивните нови планови и за постигнатото досега.

– Па добри два месеци не сме излевале од студио, работиме напорно а се тоа со една цел извадање на нашиот албум кого го спремаме долго време.

– Планираме некаде до мај месец да излезе албумот со нови девет песни и спотови, нешто што досега ретко кој го направил во оваа сфера.

– Не сум некој лик што сака да шета, сакам да сум затворен во студио и да работам, едноставно не си го замислувам животот поинаку од ова, вели Тонито.

– Пред пет години не би ни можеле да замислиме да правиме спотови. Да би рекол на моите дајт ми пари за снимање спот само добро ќе ми се изнасмеаја.

– Порано сме работеле и физичка работа, сме работеле во цвеќара, тоа се глупости што зборат дека со парите на мама и тато го правиме ова, додава тој.

– Ние сме доказ дека и со македонска музика ги полниме клубовите секаде. Еве имавме настап во Швајцарија, таму имаше многу наши иселеници и беше одлично.

– Во изминатвие 20 години ние сме пумпани со српска музика и турбофолк, но ние работиме да се смени тој шаблон и се пуштаат македонски песни во клубовите.

– Кога се однесува за дружба ние малку сме затворени на таа тема не сакаме многу да го шириме тој круг што го имаме, но секако се дружиме и со останатите од естрадата овде.

– Сега моментално сме фокусирани на албумот да го завршиме а до крајот на годината да издадеме и 16 песни и спотови што сепак не е малку, вели Кун.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.