12 годишната Ирина плете ќебиња, а од нивната продажба собира пари за нејзиниото лекување

  • By klaster1
  • јули 20, 2021
  • 0
  • 4705 Прегледи

Русинката Ирина Садовскаја, е родена со ретка генетскo заболување, си ндром на Голденхар, поради што не и се развиени забите, ушите и вилицата.

Мајката на Ирина, Анастасија Садовскаја, вели дека лекарите од болницата информирале дека детето со таква патологија нема да живее долго.

Но, како и секоја мајка, таа не ја остави својата ќерка туку така и направила се што било во нејзина моќ да и
помогне.

Ирина сега има 12 години, помина многу зафати во животот и многу предизвици, а после долгите заморувања и гледајќи ги луѓето во бело, таа се решила за еден многу убав потег.

Нејзините третмани се многу скапи, па девојчето одлучи да придонесе за трошоците за лекувањето и тоа на доста креативен начин.

Таа започна активно да плете ќебиња и да ги рекламира на Инстаграм. Според нејзината мајка, тие имаат многу порачки, некои луѓе купуваат неколку изработки одеднаш.

Изработката на ќебиња ја исполнува, тоа го работи од срце, а покрај се таа си го олеснува патот до зафатот кој може да ја промени.

Во исто време, самото семејство не заборава да им помогне на другите – Ние сме исто така вклучени во добротворна работа, донираме ќебиња во институции за деца со попреченост.

Играме игри на среќа, но помагаме и на загро зени животни – објасни Анастасија Садовскаја. И покрај сите тешкотии, Ирина живее како и секој друг тинејџер.

Таа оди на училиште, на часови за танцување, а нејзиниот сон е еден ден да стане фотограф или психолог, со која ќе биде горда нејзината мајка.