Џими кој се одомаќини во Македонија: Имам се што ми треба, не трчам по богатство

  • By admin
  • септември 14, 2021
  • 0
  • 5721 Views

Како што е познато, родениот Нигериец, Симон Поликарп – Џими (61), кој беше кандидат за градоначалник на Штип од редовите на Интегра на во нредните избори кои се одржаа лани во декември, повторно се кандидираше за градоначалник.

Џими живее во Македонија од далечната 1977 година, кога како 17-годишно момче дошол во Пробиштип, преку проект на размена на студенти, кој бил актуелен во времето на Југославија и Тито.

Не планирал да остане овде засекогаш, но се случило да ја сретне Билјана и љубовта со неа била пресудна го свие семејното гнездо во Штип.

Ги имаат синовите Адамс и Анџело, кои сега се на возраст од 31 и 32 години, а неодамна од Адамс и снаата Марија добиле и внук, малиот Јуниор Симон.

Не криеше дека на почетокот му било тешко, и се соочил со многу предрасуди од луѓе на кои им сметал, кои неретко му кажувале да си оди, бидејќи нема што да бара во нивниот град.

На моменти дури и помислувал да се пресели со семејството, но сепак, со тек на време, народот го запознал, стекнал многу пријатели, а кога сограѓаните сфатиле дека тој е чесен и работлив човек, посветен на фамилијата, го прифатиле.

-Јас сум задоволен од мојот живот, од се што сум постигнал. Не трчам по богатство, кариера, популарност. Имам се што ми треба, а токму таквите луѓе се она кое му е потребно на народот.

Ветувам само онолку колку што можам да понудам, нема од мене да слушнат нереални ветувања, кули и градови, или пак розoв живот преку ноќ. Бо рба против сиромаштијата, и секако, Штип да стане метропола каква што заслужува да биде. Тоа е мојата цел.

Политиката и јавните функции треба да бидат резервирани за луѓе кои се оствариле, кои се среќни со себе и својот живот, кои нема да се стремат лично својот живот и статус да го подобрат и унапредат, туку таа борба за напредок ќе ја насочат кон народот.

Оние кои трчаат по богатство, моќ и слава, не можат да бидат добри лидери на народот. Ќе повторам, само човек кој е задоволен со својот живот, може да го промени на подобро и животот на граѓаните – вели Џими за Фоку.мк каде што може да го проследите целото негово интервју.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.