Џамбазов: Македонијо златна не ти е лесно со нас – јака ти душа

  • By admin
  • август 31, 2021
  • 0
  • 916 Views

Без сомнение Игор Џамбазов, еден од најдобрите и најпознати македонци, човек со неколку професии според многумина ја доживува својат втора младост.

Водителот, шоумен, музичар и писател веќе извесен период е вљубен во планинарката Илина Арсова со која поминува се повеќе време, а тие често споделуваат заеднички фотки и видеа на социјалните мрежи.

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов е тек со новото време на технологијата, па така како и повеќето познати и тој има профил на социјалните мрежи.

Игор е активен на својот „Инстаграм“ каде што речиси секојдневно споделува по нешто.Откако се активираше на социјалните мрежи, на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов постојано осамнува некоја нова објава.

Неговите следбеници кои бројат нешто повеќе од 93 илјади, редовно може да видат и прочитаат од неговите инспиративни и досетливи мисли поврзани со актуелности и животни искуства.

Романтични фотографии со неговата сакана Илина, од оние авантуристичките во природа, такви со мачката Емче, по некое видео додека пее или свири на гитара, па се до ретро фотографии како онаа што се најде последна на неговиот профил.

Тој во едно неодамнешно интервју зборуваше и за неговиот љубовен живот, за тоа како Илина му го променила животот и каква личност е таа.

– Во мојот живот се случи голема промена, веќе година ипол сум со мојата голема љубов Илина, таа е прекрасна личност која ми го смени животот за 360 степени.

– Исто така таа е една од ретките жени во светот која го искачи седумте најголеми врвови во светот, вели Игор за својата сакана.

– Јас бев решен да се повлечам кога станува збор за жените, да отидам во пензија и да се повлечам во Дојран, но се појави таа, вели Џамбазов.

– Со Илина често патуваме, посетуваме различни места, омилени ни се куќичките во Дојран, еве мојата се прави нејзината е слободна, ние сме таков тип на луѓе што често патуваме.

– За мене вирусот беше еден вид на цртан филм, не ми пречеше за да патувам и да посетувам, истотака и доста творев во тој период, вели Џамбазов.

Игор се огласи утрово на својот Инстаграм профил каде што напиша:

– Македонијо златна не ти е лесно со нас. Ич не ти е. Јака ти душа

А во продолжение стои: Сертификат за вакцинација – 50 евренца, на црно, разбира се…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *