Јордан Митев: Jас сум патриот – ги почитувам сите што ме почитуваат мене како Македонец

  • By klaster3
  • април 11, 2022
  • 0
  • 451 Views

Кога Јордан Митев, еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува, тогаш забавата е неизбежна. Родум е од радовишко, потекнува и живее во Подареш.

На неговата Фејсбук страница покрај најавите за настапи, често знае да напише по некој статус или коментар со кој го изразува незадоволството од односот спрема македонските пејачи кај нас.

Имено, во очи Велигденските празници Митев сподели каде ќе ја забавува публиката, а од објавите се гледа дека најчесто е во села, па следачите на големо му изреагираа.

Преку 200 коментари со поддршка за Јордан, но и со незадоволство дека кај нас се величи српскиот турбофолк, па по градовите скапо се платени туѓи пејачи, а вокал како Митев треба да пее во рурални средини.

Но, Јордан како и секогаш покажа дека за него публиката и нејзините ставови вредат, па јавно во коментар им се обрати.

„Почитувани, ги прегледав скоро сите ваши коментари. Најпрво сакам да ви се заблагодарам што ја слушате мојата музика и што во поголем дел имате позитивно мислење за мене и мојата работа.

Искрено, јас сум патриот, но не сум националист (во тоа има разлика), ги почитувам сите што ме почитуваат мене како Македонец, но жал ми е што мислам, се надевам дека грешам,

ние никогаш нема толку колку што треба да го почитуваме нашиот човек од туѓиот, па макар нашиот одел и на глава пак ќе му се најде некоја маана.

За музика и нашето музичко ниво не е виновен само народот-публиката, туку и самите “занаетчии” во таа област бидејќи суе тата кај одредени луѓе е толку голема што тие никогаш нема да го признаат и поддржат туѓиот квалитет.

Затоа во етер оди се, само не нешто добро и вредно. Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки.

Кај нас, секој што ќе постави одредена повисока класа, а со тоа и цена( бидејќи трудот на крај мора да биде некако вреднуван), ќе биде класицифиран како во стилот, шо бе ти, кој/која си бе ти, што се замислуваш и слично..

Затоа, се надевам дека некогаш ќе озреееме. До тогаш, секогаш ќе “јадеме и ќе ни биде послатко туѓото овошје и зеленчук”.

Бидете здрави и живи, а јас каде и да ме повикат ќе пеам и ќе работам, бидејќи на крајот од краиштата, јас и од тоа живеам. Тоа ми е занаетот, а на работата нема срам. Поздрав“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.