Јасмина од прилепско: Око не склопувам ноќе и чувам стража да не падне кровот, загревам шишиња вода да се стоплиме

  • By admin
  • февруари 13, 2022
  • 0
  • 835 Views

Јасмина Петровска имала судбина да биде и жена и маж во куќата. Иако има само 46 години, надворешниот изглед го издава нејзиниот ма чен живот, пропадната истрошена. Оваа тажна мајка не знае дали повеќе да се плаши од бо лестите на нејзините деца или трошниот дом.

Чиниш и тој го оплакува нивниот тежок живот. Тешко ги минуваат деновите, а уште потешко и ноќите, тогаш е најтешко. Сите стуткани во два стари истрошени кревети се дотоплуваат со шишиња топла вода за да не измрзнат до утрото.

Но Јасмина не можи окот да склопи и го чува сонот на најмилите и ги пази во случај нешто да не падне од дотраениот дом и да ги спаси.

Јасмина пред дваесетина години, можеби не сонувала за раскошен, но, сонувала за мирен и стабилен живот. За жал, бог ќе и зададе тешки уд ари уште додека е многу млада.

Можеби ќе и ја испрати љубовта на животот, но, ќе и ја одземе среќата да се радува на здрава рожба. Можеби ќе и дарува семејство, но, нема да ја научи како да преживее кога сите во домот се бо лни освен неа.

А домот во кој живее е толку стар и дотраен, што ја прелева чашата преполна грижи, зашто им се зак анува во секој момент да ги поклопи.

„Ставаме кебиња на вратата и прозорците навечер за да се стоплиме. Имаме две соби во кои живееме колку толку, другите се отидени. Со години, со децении се бањаме во едно старо иск шено корито. Тешко е многу и жано за децата. Куќата во секој момент може да не поклопи, пред некој ден таванот падна.

Јас и ова детево големо што е Даниел си лежиме на еден кревет. Другите две спијат под прозорот. На сопругот му топлам по три шишиња вода и ги ставам во кебиња за да се згрее.

Едвај купив кубик-два дрва. И, тие се при крај. Кога ќе ја поминеме зимава, еден Господ знае-тажно раскажува Јасмина, за нивното секојдневие.

„Се плашам за живото на децата и за нас, нема излез. Јас сонувам за две собчиња и едно купатило. Да имаме кров на глава.“ вели таткото Златко.

„Сите тројца ми се родија со попреченост. Ивица се роди како здраво дете, но, до една година што му се случи, не знам. Денес, ниту зборува, ниту е способен сам да се грижи за себе“ вели мајката Јасмина.

Веројатно во дел од нивната здравствена и ментална состојба, прсти замешала сиромаштијата. Немала како да ги лекува и образува. И, тука се јавува апсурдот. Јасмина е силна за себе, но, немоќна е да ги заштити децата на кои им се заканува да бидат затрупани од ѕидовите, кои им се единствен сведок на нивното тешко секојдневие

„Другите деца ми се со полесна попреченост. Барем се движат и колку толку разбираат вели за судбината оваа мајка за емисијата „Срце на дланка“.

„Јас сум и маж и жена во куќата, со три деца со посебни потреби и сопруг ин валди. Со синот Ивица 21 година сум цело време со пелени, се трудам за него. Ме бо ли душата за сите три деца. Брзата помош не сакаше да дојде, за да го однесам Ивица во болница морав да платам 1000 денари такси за до Прилеп, 500 одење и 500 враќање.

И да сакам да работам нема кој да ми ги чува децата. Кој ќе го пресоблекува, кој ќе го храни, апчиња наутро и навечер. Но и покрај се и цела ситуација во која се наоѓам не сум дозволила ниту едно дете да ми гладува. Јас ќе трпам, но тие нема.Лукче, кромтиче садиме, како и компирчиња, колку да имаме да се прехраниме.

Ноќе не можам да спијам без 2,3 диазепам, се грижам да не панде кровото и да ги потисне децата. Ако почне да паѓа ако еден е буден ќе ги разбуди и другите и ќе бегаат и тие. Мора да сум будна да стражарам.

Да имам услови, да имам куќа се ќе ми грее во душата. Но немаме услови, немаме пари. За што попрво, за леб, за лекува.

„Помагам на мама и тато што треба околу домот, дрва. Но сакам работа во Прилеп, можам да работам местење на врати, прозори. Сакам работа, досега немам работено, но сакам и да и помогнам на мајка ми“, вели синот Даниле.

– Имав една крава и едно теле. Од нив ги хранев децата, бидејќи живееме со една нега и ин валидска пензија од сопругот која е многу мала. Мислев со парите од кравата, ќе купам цигли и ќе почнеме да градиме. Но, не сме моќни. Моравме да побараме помош од народот.

Не барам многу,само две соби и тоалет. Зашто не можам децата да ги кревам и да ги бањам во корито. И јас веќе стареам. Целиот живот живеам со тежина.

Две соби ќе ми ја вратат вербата во животот. Тие за мене ќе бидат палата. Ќе направам,прашинка да не падне во нив. Куќата ќе ми грее. Ќе ми грее и во душата-со надеж и веќе подотворени очи, чиниш веќе ги гледа изградени собите пред себе, зборува Јасмина.

Сите што сакате да му помогнете на ова несреќно семејство, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 077/690349 или на следната жиро-сметка: 300027056380756 Комерцијална Банка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.