Без сомнение Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.
Јанко Илковски кој е роден 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет.
По враќањето од Белград и по промена на повеќе работни места, меѓу кои е и преведувач во МРТВ и на фестивалот „Браќа Манаки“, Илковски влегува во медиумските води во 2001 година, најпрво како водител на ноќна програма на А1 телевизија, каде подоцна работи во рамките на спортската програма.
Меѓу другите негови настапи како радио или ТВ водител се: новинар на радио Канал 103, водител на емисијата „Пладневен гневник“ на Радио Рос, водител на емисијата „Гутенбергова галаксија“ на ТВ 4, како и водител и музички уредник во радијата: Клуб ФМ, Топ ФМ и Радио Слободна Македонија.
Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.
Јанко Илковски работел и во печатените медиуми, меѓу кои пишувал текстови за: Вечерен дневен весник, Премин,Вечер Време и неделникот Фокус.
Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од страв да не го спомне и стави на тапет.
Илковски е доста активен и на социјалните мрежи каде што секојдневно споделува информации со своите фанови и пријатели, па така беше и сега:
Пописот завршен – да се казнеле оние кои одбиле да се попишат! … гласи веста. ОК … Вака…
Живеам во Скопје, улица Јордан Мијалков, општина Центар. За време на пописот никој, ниеден попишувач ниту дојде, ниту помина, ниту остави белешка каде да го побараме за да се попишеме, јас и семејството!
Строг центар на градот. Зборувај ми за успешен попис?!?!?! Убеди ме дека е реален?!?!?!
Најверојатно сега ќе се обидат да ме казнат ама на добар пат сум и кај адвокат да се бранам, а преку некои канали и да дознам кој биле попишувачи за мојот реон и какво оправдание и доказ ќе дадат дека не сум сакал да се попишам.
Згора, спремам и контра-тужба, дека намерно сум изоставен заради …јавашлук, намерно игнорирање, местење на резултатите (!?!)
Сите пописи кои биле минативе 6 децении никој никогаш не не утнал – како бе сега?
Живеам на 25м од Министерството за Здравство, карши, Лимак Хотел.