Познатиот македонски водител и новинар, Јанко Илковски кој во јавноста е познат како Јанко Јади Бурек утрово се огласи на социјалните мрежи каде што сподели статус на фејсбук во кој вели:
Драги мои, драги мои …. Од 2009 отворив ФБ профил. Како и секоја јавна личност во огромно мнозинство бев поддржуван, но секако и омразен со акутни напливи на ву лгарнисти.
Затоа се акумулираа и неколку иљади банирани кои пред се се однесуваа на лични за кани, на вреди кон мене и моето блиско семејство.
Имам 5000 пријатели, и околу 70 000 следбеници на овој и фан страната на фб. Фала ви. Уште тројно повеќе чекаат да им прифатам пријателство, кое за жал е ограничено на 5000 макс, од страна на Марк Ц.
Тогаш, беше единствено решение некој да го спречиш да си гради кариера преку вул гарности на моја сметка. Неубаво но им се можеше.
Повеќето банирани се оние кои стискаа лајк и одобруваа ву лгарности, за кани кон моите блиски. Просто неверојатно, но, да не заборавиме, социјалните мрежи го покажаа најлошото од нас, нели?
Сега сум во фаза на ОДБАНИРАЊЕ на СИТЕ! КАЈ МЕНЕ ЌЕ МОЖЕ ДА КОМЕНТИРААТ САМО ПРИЈАТЕЛИ а оние пријатели кои ќе го зло употребат статусто ќе бидат избришани и крај.
Значи достапен секому секогаш, на се помалку ќе им бидам можност да си го покажат грдото лице кај мене, ќе мора гадости да си пишуваат на друго место.
За половина час неколку стотци одбанирав и планирам да немам ниту еден баниран. Заштитата ќе си биде со неможноста да имаат слободен пористап како и слични рестрикции во покажување на гна сотиите.
Се надевам дека оние кои ќе останат коректни (не кон мене , туку воопшто-човечки ) ќе имаат и некој аир од дружбава. Мачно и долго, но одлучив така.