Член на Лев Тахор, група која што е во Куманово проговори и кажа колку би се задржале во Македонија

  • By admin
  • февруари 14, 2022
  • 0
  • 615 Views

Изминатите неколку дена во нашата јавност актуелна е темата за членовите на Лев Тахор кои пристигнаа во Македонија и се сместија во Куманово.

Екипа на ТВ 24 стапи во контакт со член на религиознизната група Лев Тахор која престојува во Куманово.

Од религиозната група велат дека се прог онувани од повеќе држави поради нивната религија и нивните верувања, но ги отфрлаат сите наводи кои ги имаат во други земји дека зло употребувале деца.

Не се оп асни и велат дека ретко ја напуштаат нивната куќа каде што престојуваат, само кога треба да одат во продавница.

„Не знам колку долго ќе останат, дојдени се легално. Нормален турист во Македонија може престојува до три месеци, но не очекувам да останат 3 месеци, туку само привремено.

Во меѓувреме живеат во куќи, добиваат помош во храна, само тоа, ништо особено. Поголем дел од денот луѓето се зафатени со верски активности.

Со молење, предавање претежно на малите деца во школите, со одобрение од родителите. Ништо повеќе од тоа, не гледам тука никаков проблем. Тие се многу љубезни луѓе, повеќе од нив се жени и деца.

Од групата ги демантираат сите информации во јавноста дека кид напираат или злоуп отребуваат деца, во Канада 18 месеци траела истрага против нив, но не пронашле ништо.

Секојдневно доаѓале социјални работници и психолози, а поради прит исоците ги напуштаат постојано државите.

За тоа до кога ќе седат во Македонија, немаат информација. Тука имаат легален престој од 90 дена. Но ТВ 24 ги сретна сопствениците на куќата каде што престојуваат и тие велат дека религиозната група ќе го напушти Куманово уште утре, но не кажаа поради кои причини.

Првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски за ТВ 24 вели дека еврејската се кта која ненадејно се досели во овој град е добредојдена, се додека се однесува според правилата и прописите.

Од МВР пак информираа дека групата е привремено во Куманово, а сите се со легални патни исправи и со легален престој. Според нив групата не претстаува никаква опа сност за жителите.

Станува збор за група од околу 30 члена, а десетина се сместени во оваа куќа, другите се распределени на други локации. Според разговорите кои ги имаше ТВ 24 со соседите од оваа улица, велат дека тие ретко го напуштаат домот каде што престојуваат, односно само кога имаат потреба.

Сторијата во целост со видео прилог може да ја проследите на ТВ 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.