Цепачот на дрва Драган: Сезонава осетно ми се намали работата – имам едно нешто да и порачам на газдите

  • By admin
  • септември 6, 2022
  • 0
  • 234 Views

Како што е познато јавното претпријатие Национални шуми го објави новиот ценовник за огревно дрво, кој беше усвоен на минатонеделната владина седница. Цените се зголемени за 20 отсто, откако претходно беа непроменети од 2009 година.

Цената на најскапото и најквалитетното дрво – дабот, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари за кубен метар. Поскапени се и другите видови огревно дрво: буката на 3.444 денари, јаворот сега чини 3.204 денари, тополата 3.084 денари за кубик.

ЈП Национални шуми лани пријави добивка од околу 1,6 милиони евра, откако Владата интервенираше со субвенции во пандемиската година.

Национални шуми годинава планира да произведе околу 400.000 кубни метри огревно дрво, што е за 50.000 кубици повеќе од лани. Годинава, по поскапувањето на струјата, парното и нафтата значително се зголемил и интересот на граѓаните да се греат на дрва.

Но во реалноста куби дрва од приватњаците оди и до цена од 5000 денари а за потсетување на почетокот на сезоната, таму некаде во мај цената беше околу 3000 денари.

Освен што цената скокна до плафно, дрва како и да нема. Голем број граѓани сведочат дека се уште не можат да добијат дрва иако порачале уште пред неколку месеци.

И тие што ќе ги добија не се по задоволителен квалитет, но немат избор или ќе ги земат или ќе останат и без тие.

Освен што поскапе дрвото, поскапе и услугите се се чење и цепење, па така граѓаните и тоа како осеќаат на џебот.

Сепак има луѓе кои поради поскапувањето во овој бизнис останаа со пократки раце и со поплиток џеб. Таков е приерот со цепачот на дрва Драган.

Веќе години наназад ја работам оваа сезонска работа за цепење дрво и до сега фаќав добра пара, но сезонавата работата и тоа како ми се намали.

Поради поскапувањата за огревно дрво и се чење, народот и газдите најдоа да штедат на мене, поточно на це пачите и луѓето кои и ги пренесуваат и редат дрвата.

Па така ако минаттите години дневно цепев од 10 до 15 кубика дрва, годинава истото се преполови, а ретки се деновите кога ќе стигнам и до 10 кубика.

Всушност се случува да има ден кога воопшто немам работа, а причината за тоа е едноставна. Газдите велат, ние ќе си ги средиме, мора од нешто да се штеди.

Не ми е јасно како баш на нас да штедат кога до лани ни се молеа дојдете, побрзо да не ми ноќеваат дрвата, ни даваа пари унапред. Велеа јас не знам што е тоа секира, немам поима од цепење, а сега преку ноќ научија.

Обработил: Д.С. Фото: Илустрација.

Авторски текст кој не смее да биде превземан или реемитуван без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *