(ФОТО) Јордан Митев покажа како ужива во родно Подареш: Срце посака да те видам

  • By admin
  • март 14, 2022
  • 0
  • 313 Views

Ако кажеме дека Јордан Митев важи за еден од нашите најпознати и најбарани пејачи, нема со сигурност да погрешиме.

За Митев познато е дек потекнува од радовишкото село Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.

Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.

Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од којшто Митев собрал големо искуство. Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како:

Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.

Како автор досега има напишано доста голем број композиции коишто некои од нив се наградувани во Македонија.

Пејачот Јордан Митев ужива во љубовта со својата сопруга Македонка родена во далечната Австралија. Нашиот познат фолкер Јордан Митев пред пет години реши да стави крај на ергенскиот живот и се заколна на вечна љубов.

Откако ја запроси Славица Митревска, Македонка родена во Австралија, тие решија да се вратат во Македонија каде живеат и денес.

Пред да запловат во брачните води биле година и пол во врска, а како изгледаше невестата на нејзиниот најубав ден во животот погледнете во продолжение. Тие направија свадба во Македонија во 2017, со сите адети.

Јордан Митев често знае да потенцира од каде доаѓа и со гордост зборува за своето подареш, а пред некој ден објави на својот профил дел од убавините на родното село и напиша:

Ти се вратив еј од далеку, сал за мене ти си мојот рај, срце посака да те видам, да те гушнам мој роден крај. Поздрав до сите фанови! Имајте убав ден!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *