(ФОТО) Човекот кој речиси секој ден го гледаме на Сител покажа каков бил како мал

  • By klaster3
  • јуни 13, 2022
  • 0
  • 373 Views

Кога станува збор за телевизиски лица, публиката секогаш има некого да издвои којшто му остава впечаток со својот став и појава.

Иако не е долги години во медиумските простори, сепак ТВ презентерот Спасе Јовановски е еден од оние коишто знаат да го привлечат вниманието на јавноста.

Како што самиот напиша во една прилика, во ТВ Сител е веќе пет години и јавноста го гледа како презентер на временската прогноза.

– Доколку сум прва смена на работа во мојата матична куќа “Сител“, тогаш денот за мене почнува во 5 часот наутро“, раскажа во една прилика познатиот Тв презентер од Сител, Спасе Јовановски во Женски магазин.

-Станувам, неколку минути се растегнувам и влегувам под туш. По тушот следи едно јако еспресо кое го пијам со татко ми, бидејќи тој ми е “бек ап аларм“ доколку не го чујам алармот“, додаде тој за својот дневен ритуал.

Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска кој воедно е нејзин најдобар другар со кој Лила се дружи уште од многу одамна.

– Покрај обрвските во “Сител“ со временската прогноза, јас стојам како извршен продуцент на инстаграм профилот на мојата блиска другарка Лила Филиповска.

Таму сум задолжен за фотографиите, видеата, локациите каде што ќе бидат снимани тие материјали, претходно секако состаноци со клиентите за кои работиме“, рече Спасе.

Освен тоа, тие заедно патуваат многу често, па неодамна ја отворија сезоната на одмори со првото овогодишно патување во Бодрум.

Дури еднаш на Инстаграм профилот Лила одговараше на прашања во стори, а едно од нив гласеше: Ептен супер друштво ти е другарчето Спасе, секаде си го носиш, а Лила одговори: Он ми е и другар и соработник и кај и да е ќе го посвојам.

Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи.

Секојдневно е активен на социјалните мрежи каде што споделува фотографии од приватниот и професионалниот живот, но и по некој статус во кој го искажува своето мислење.

Секогаш облечен во костим со очила и озбилен при презентирањето, ретко би го препознале кога е облечен во полежерна комбинација и насмеан.

Но, по објавените фотографии на Инстаграм приказните, со сигурност може да кажеме дека Спасе не е многу променет од времето кога бил мал.

На една од фотографиите е прикажан на само 19 годишна возраст, а на другата во прегратките на татко му во времето кога бил уште бебе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.