(ФОТО) Трансформација од руина во пристоен дом за живеење во Ресен: Уште една радосна приказна

  • By admin
  • март 29, 2021
  • 0
  • 799 Views

Отец Оливер Петровски во групата Хуманитарна организација „Свети Спас“ сподели уште една убава вест во која се вели:

Браќа и сестри, би сакале да ве известиме дека објавениот апел за мајката во Ресен е завршен бидејќи успеавме да ги собереме потребните парични средства и да направиме уплата.

Благодарение на нашите браќа и сестри од дијаспората кои донираа на нашата Fundraiser сметка и Frosina Velkovska, како и на нашите Јасмина и Милорад Костадиновски, но и на сите Вас.

Благодарност до нашите сестри Бенита Дуковска и Hristijana Stankovska кои дадоа сѐ од себе и ја водеа целата акција во Ресен.

Благодарение на нив и довербата која ја имаат тие, складиштето од Ресен (од каде што набавивме градежен материјал) и санацијата на електричната енергија беа на чекање, односно нѝ излегоа во пресрет да реновираме, за да може мајката во студените денови да има топол дом.Уште една радосна приказна.

Уште едно среќно дете… Уште една успешна завршена акција.Бог да ве благослови сите!!!Во прилог слики пред и потоа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *