(ФОТО) Татјана Стојановскa освен вести, покажа дека знае и друго да работи – притоа синоќа блесна во сиот свој сјај

  • By admin
  • септември 29, 2022
  • 0
  • 214 Views

За Татјана Стојановска е познато дека е една од нашите најпознати и најдобри ТВ презентерки, жена која го негува литературниот македонски јазик и е секогаш елегантна и средена пред камерите.

Речиси секој ден македонската презентерка е подготвена за пред телевизиските екраните за да ги води информативните вести и да ги извести граѓаните за важните случувања во државата, регионот и светот.

-Јас почнав многу млада на 17-18 години, секако со неколкумесечна обука, во Македонската радио телевизија, пред да почнам да работам на камера, најпрво како најавувач на програма.

Потоа набрзо по неколку месеци почна ангажманот на Утринската програма „Добро утро Македонијо“. Имав можност да учам од доајените на македонското презентерство, така што се одеше чекор по чекор, не беше ништо избрзано, ги видоа моите перформанси.

– Јас кретко бев во манекенските води, набргу потоа се префрлив на телевизија и на презентирањето, а за таму покрај тоа што треба да си убав треба да имаш и стас и глас.

– Тоа што си познат или убав до некаде ти дава некои предности, еве на пример кога чекав во амбуланта една сестра ме повика и ми рече ајде дојди, сакаше да ме мушне преку ред.

Вечерва во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев” имавме можност да уживаме во претставата “Приватни животи” на Градски театар од Винковци со која беше отворено 25-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија” во Куманово.

На отворањето беше доделена и наградата Лауреат на Денови на комедија, која оваа година ја понесе македонскиот актер Благоја Чоревски.

Овој препознатлив кумановски фестивал е поддржан од Градоначалник и Совет на Општина Куманово и Министерството за култура.

Водителка на овој настан беше токму Татјана Стојановска кој со својот изглед од глава до петици беше за секоја пофалба. Едноставно скоцкана за мерак, со плав долг фустан си ја заврши работата одлично.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *