(ФОТО) Татјана Стојановска покажа како ужива покрај море на позната туристичка дестинација

  • By klaster3
  • јуни 19, 2022
  • 0
  • 354 Views

Татјана Стојановска со изминатите години зад себе се изгради како една од нашите најпознати и најдобри ТВ презентерки. За нејзе е познато дека секогаш изгледа елегантна и средена пред камерите.

Речиси секој ден македонската презентерка е подготвена за пред телевизиските екраните за да ги води информативните вести и да ги извести граѓаните за важните случувања во државата, регионот и светот.

Како што е познато Стојановска свовремено беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и “Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година.

– Јас кратко бев во манекенските води, набргу потоа се префрлив на телевизија и на презентирањето, а за таму покрај тоа што треба да си убав треба да имаш и стас и глас.

Таа секогаш пред ТВ камерите е средена и професионална, а многумина ќе се сложат дека за неа времето како да застанало.

Стојановска е една од најубавите жени во Македонија, а многупати медиумите и следбениците и го дадоа епитетот дека старее како добро вино.

Таа со години е пред екраните и камерите и секогаш може да ја видиме средена, со шминка и во изданија прилагодени за нејзината професија.

-Јас почнав многу млада, на неко 17-18 години, секако со неколку месечна обука во МРТ пред да почнам да работам пред камера. Најпрво како најавувач на програма а по неколку месеци ангажманот на утринската програма „Добро утро Македонија“.

-Се одеше чекор по чекор, не беше ништо избрзано. Ги видоа моите перформанси. Сепак јас и како ученик внимавав на литературниот јазик.Јас го имав тој талент и дарба уште мала.

За разлика од многу познати лица во јавноста, Татјана не е премногу активна на своите профили на социјалните мрежи.

Сепак, во исклучителни прилики знае да сподели по некоја фотографија од приватниот живот. Според објавата на Инстаграм, Татјана го започнала нејзиниот летен одмор во Анталија, Турција.

На фотографијата што ја сподели седната покрај море буквално сјае – вистинска дама во секоја смисла на зборот. Покрај фотографијата Татјана си напиша и: Балдахин, посебно чувство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *