(ФОТО) Сузе отиде кај Атиџе и по она што го доживеа: Фала ти животе

  • By admin
  • септември 6, 2021
  • 0
  • 5259 Views

„Медена земја“ ќе стане филмска лектира за учениците и студентите, но и лекција за животната средина која внимателно треба да биде анализирана од надлежните институции

Пред да стане главна протагонистка во документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова никогаш не патувала со авион, никогаш не престојувала во хотел, никогаш не била во кино.

Три години потоа, преку неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството, домашната и светска јавност добија можност да се запознаат со фасцинантниот портрет на оваа извонредна жена.

Едноставна, мила, скромна, која зрачи со добрина и позитивна енергија и многу животни мудрости.

По сите оние светски филмски фестивали и холивудски гламур, нашата амбасадорка во светот, нашата меденка се врати дома, на својот секојдневен живот, на убавите мали, а за неа големи нешта.

Таа сега е во новата куќа во Дурфулија, која ѝ ја подарија нејзините пријатели од филмот, но вели дека едвај чека да дојде пролетта, па повторно да оди во својата стара куќа во Бекирлија за да биде со своите пчели и природата, за кои вели дека се нејзиниот живот.

Главниот лик од документарецот „Медена земја“ Атиџе Муратова и понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосреднос, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.

Добро познато е дека Сузана Турунџиева, познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.

Атиџе и Сузе често се дружат, си одат на гости најизменично, а деновиве зТурунџиева беше таа која што беше на гости кај Атиџе, а по тоа кажа:

Толку многу имав (од Атиџе) слушано за убавините на река Брегалница, конечно дојде денот и да ја доживеам… Фала ти животе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *