(ФОТО) Спенџарска објави фотки без шминка, па порача: За се што ме чека, знам што сакам, знам колку можам

  • By admin
  • мај 9, 2021
  • 0
  • 1146 Views

Популарната и познатата ТВ водителка на утрински програми, Јелена Спенџарска е обожувана од ранобудците, кои велат дека со својата харизма и позитивен дух, им ги разубавува понекогаш тмурните утра.

Освен што ја „бива“ за работата која ја работи, Јелена Спенџарска последните година, две, на социјалните мрежи покажа и дека знае да размислува, но што е поважно да расудува реално, па и да ги потенцира своите маани, особина која е непозната за многумина.

Јелена Спенџарска, популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ и инфлуенсерка на социјалните мрежи, е често знае да биде интересна за јавноста и за нејзините фанови.

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив, и повеќето се согласуваат.

Спенџарска освен тоа што може да ја гледаме на ТВ екраните, таа е и активна и на социјалните мрежи каде редовно постира фотографии.

Така беше и овојпат кога на Инстаграм сподели фотографии на кои позира во родното Берово и притоа напиша:

За едноставните денови!Без шминки, без светла, без брзање, без аларм, без сообраќај, без стрес…

За безгрижните денови исполнети само со смеење, длабок здив, она ДИШИ ДЛАБОКО кое не потсетува дека СЕГА е СЕ што имаме и џабе сите наши планови и претпоставки…

Денови исполнети со чиста љубов и поддршка која ти е дадена во вистинскиот момент зашто некој те познава мноооогу добро и знае дека ти треба без да кажеш на глас.

Пост за благодарност,за се што имам, за се што ме чека и најважното-за себе, зашто знам што сакам, знам колку можам и знам дека ќе биде едно прекрасно патување!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *