(ФОТО) Симон Трпчески: Јужна Кореја вака ја слави вековна Македонија, нека биде пример и инспирација

  • By klaster3
  • август 1, 2022
  • 0
  • 222 Views

Симон Трпчески е етаблиран македонски виртуоз на пијано. Тој е пофален не само за неговата моќна виртуозност и длабоко изразен пристап, туку и за неговото харизматично сценско присуство.

Симон е роден во Скопје на 18 септември 1979 година. Денес е еден од најафирмираните македонски пијанисти, ако не и најдобриот на сите времиња кој излегол од оваа мала земја.

Како што многумина милуваат да кажат, Симон е човекот којшто ни го бели образот низ светот гордо претставувајќи ја Македонија со сите нејзини убавини.

Во 2009 година го доби Претседателскиот орден за заслуги за Македонија, како одговорен за афирмација на Македонија во странство. Во 2011 година, тој стана првиот добитник на титулата „Национален уметник на Македонија“.

Неговиот последен проект за камерна музика „Македонисимо“ е посветен на запознавање на публиката ширум светот со богатите традиционални македонски народни корени.

Во соработка со композиторот Панде Шахов македонската народна музичка традиција е вткаена со високо виртуозни рифови и хармонии под влијание на џезот.

Од неговата успешна премиера во Германија, проектот продолжи во Словенија, Англија, Полска, Холандија, Франција, Србија, Црна Гора и Романија, а изминативе денови го имаше своето претставување и во Јужна Кореја од каде што Трпчески ги сподели моментите.

„Одличен прием од корејската публика за претставувањето на МАКЕДОНИСИМО на еден од најважните музички фестивали во Јужна Кореја, овој пат во Пјонгчанг и Чунчеон.

Ентузијастичка реакција за срдечната, трогателна и емотивна музика од длабоките корени на безвременска Македонија!

Јас никого не треба да го прашувам за тоа кој сум, што сум и од каде сум! Јас тоа го знам и не се пл ашам да го кажам преку длабоките чувства на музиката која нашите предци ни ја оставиле!

Уметниците вака покажуваат како се сака и слави вековна Македонија! Нека МАКЕДОНИСИМО биде пример и инспирација на моите сонародници за поголемо освестување во летните жештини и разум во самопочитта и својата гордост за она што се! Нешто сосем природно!

Јужна Кореја вака ја слави Македонија! Следната недела – Отава! А пред Отава – Чикаго!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *