(ФОТО) Секогаш е крај него – семејството на еден од најбогатите Македонци, Живко Мукаетов е најголемата негова гордост

  • By admin
  • април 18, 2022
  • 0
  • 1233 Views

Македонија шести пат по ред ќе биде дел од светските ракометни шампиони, откако со победата над Чешка беше обезбеден континуитетот од настапи на големите натпреварувања, од кои „црвено-жолтите“ се дел уште од 2012 година во Србија.

Ракометарите и навивачите имаа нова успешна приказна, асовите блескаа на терен додека беа бодрени од 7.000 грлаод трибините.

На крајот, како што доликува, успехот беше заеднички прославен на паркетот, откако стотици навивачи се симнаа доле на теренот, а играчите останаа до крај, за фотографија за спомен со секој што го побара тоа од нив.

беше атмосферата во соблекувалната на македонската репрезентација по големиот триумф над Чешка, со кој „црвено-жолтите“ го изборија пласманот на шестиот светски шампионат во низа.

Претседателот Живко Мукаетов и Генералниот секретар Филип Милошевски ги поздравија репрезентативците честитајќи им го новиот успех, за кој од РФМ ќе добијат и голема премија од 50.000 евра.

Кире Лазаров на прес-конференцијата по натпреварот имаше пофални зборови и за раководството на РФМ на чело со Живко Мукаетов, потенцирајќи ги екстра-условите што репрезентаацијата ги има од самото доаѓање на успешниот бизнисмен на чело на куќата на ракометот.

Според него, промена во федерацијата би значела и паѓање на организациското ниво, кое во моментов е на највисока можна граница.

„Почитуваниот господин Живко Мукаетов, таков претседател во вакво време, во вакви услови кои што ги имаме, личиме на модерна европска репрезентација, тешко дека ќе најдеме.

Доколку се случи нешто ново, без никакво потценување на новиот, мислам дека ќе падне нашето нивото, организациски и сите услови кои ги имаме со чартери и со сите други работи.

Ако се прашувам лично јас како селектор и играч, сум презадоволен, имаме од нивна страна од целото раководство, на чело со господинот Мукаетов максимални услови. Само треба да напредуваме играчки за да расте репрезентацијата не само организациски“, истакна Лазаров.

По натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ кој се одигра пред 7.000 гледачи, првиот човек на мак-ракометот истакна дека е горд и пресреќен на успехот и им честита на ракометарите за новиот Мундијал.

„Пресреќен сум, овие момци покажаа дека имаат и квалитет, и карактер и сè останато. Имаме сериозна иднина во машкиот, а јас се надевам и во женскиот ракомет.

Напред Македонија, тука сме заедно да градиме успешна приказна, уште повеќе да инвестираме во македонски ракометари, во развој на македонскиот ракомет.

Македонските спортисти покажуваат што значи да се има достоинство и како се бори за сопствената држава“, рече Мукаетов.

Како што е познато Живко Мукаетов важи за еден од најбогатите Македонци. Успешен бизнисмен, но и уште поуспешен претседател на Ракометната федерација на Македонија.

Освен тоа тој е и сопруг и татко, поточно фамилијарен човек. Токму семејството е една од неговите најголеми гордости, а често сопругата Емилија, како и ќерката и синот се крај него во јавноста, но и на трибините кога игра Македонија.

Така беше и синоќа при победата над Чешка кога зедно го следеа мечот, а на крај прославија.

За неговата ќеркичка Кики вреди да кажеме дека на пошироката јавност веќе и е позната откако беше дел од детската евровизија претставувајќи ја Македонија во склоп на „Дајте музика“ со песната „Грин форсес“.

Фото: Инстаграм профил на Живко Мукаетов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.