(ФОТО) Пристигна првата меѓународна помош за Македонија – слетаа српските хеликоптери

  • By admin
  • август 3, 2021
  • 0
  • 6650 Views

По бројните пожари ширум државата, и најавите од соседите, денес пристигна првата меѓународна помош за Македонија.

Како и многупати до сега, први на помош прискокнаа нашите северни соседи, поточно Србија.

Попладнево на скопскиот аеродром пристигнаа најавените чети хеликоптери за гаснење пожар кој уште синоќа ги најави Александар Вучиќ.

Истите на скопскиот аеродром ги пречка првио човек на македонската полиција, Оливер Спасовски и притоа истакна.

-Државата е со граѓаните, а со нас денеска се нашите пријатели, мојот драг колега од Република Србија, Александар Вулин и српскиот помошник министер за кр изни ситуации Лука Чаушиќ, кои ни испратија и 4 хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два хеликоптера и ќе сториме сѐ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата.

Голема благодарност до Република Србија, која повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи рака кога ни е најтешко и до министерот Вулин лично, за денешната посета, поддршка и помош за Република Северна Македонија, за нашите граѓани – особено е значајно кога човек во неволја не е оставен сам на себе.

Затоа се со нас нашите пријатели, затоа ние сме со нашите граѓани.

Благодарение на функционалноста на системот, на професионалноста на службите – пожарникарите, полицијата, армијата, но и на смиреноста и солидарноста на граѓаните, како и одговорноста при известувањето на медиумите, успеваме ситуацијата да ја ставиме под контрола.

И понатаму будно ја следиме состојбата, со сите ангажирани расположливи капацитети и со оние кои допрва ќе стигнат од нашите пријатели и сојузници.

Материјалната штета повторно заеднички ќе ја надоместиме, а безбедноста на граѓаните останува наш најголем приоритет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *