(ФОТО) Панчо од ДНК пак менува професија – сега со Цаки Кисми започнаа нов бизнис

  • By admin
  • април 30, 2021
  • 0
  • 5599 Views

Добро познато е дека поради ситуацијата со вирусот речиси сите музички ѕвезди останаа без никакви ангажмани веќе повеќе од цела година.

Пејачите немаат тезги, никакви настапи, а и гостувањата во телевизиските емисии се намалија.Поради тоа многу од нив останаа без никаков прилив на пари.

Македонскиот хип-хоп изведувач, Владимир Блажев или во јавноста познат како „Панчо ДНК“и покрај успешноста на дуото ДНК пред пандемијата, одлучи изминатиот период да се проба во неколку професии.

Најпрво на социјалните мрежи сподели дека започнал да работи како пица-мајстор во еден скопски ресторан.По три месеци обука за пица-мајстор, почнал да работи во кујната.

„Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас дека D’Kitchen и целиот нивен тим ме вработи и ми даде можност да го испечам занаетот за пица-мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи“, вели Панчо од ДНК.

Но, се чини дека ова не му е доволно на Панчо, па одлучи да продолжи да се надградува и да учи и нови занаети. Тој на својот фејсбук профил неодаман сподели како паси крава и планира да прави млечни производи.

– Не се срамам од ниту една работа бидејќи секоја моја работа е чесна. Да не се навраќам на она најтешко време во мојот живот кога денот го живуркав само со 100 денари.

Затоа работам нешто друго и додека нема работа за нас музичарите. На моето Водно и ако е од кал поради дождовите кравата ја изнесов на пасење чиста трева, изјави Панчо во едно неодамнешно интервју.

Но ова како да не беше доволно, па сега со неговиот колега, пејачот Сашко Нојкиќ или познат како Цаки Кисми отпочнаа нов бизнис.

-Со братот Цаки Кисми отворивме пиљара. Да се работи нешто, напиша Панчо.

-Со Панчо ДНК другар ми отворивме пиљара. Со среќа нека ни е. Мора  нешто да се работи, напиша исто така Цаки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *