(ФОТО) Отец Оливер: Благодарам е мал збор, не оставивте без зборови

  • By admin
  • мај 26, 2021
  • 0
  • 1053 Views

Отец Оливер Петровски е докажан хуманитарец и човек со голема срце кој со години помага на многумина.

Преку Хуманитарната организација „Свети Спас“ тој организирал многу акци што беше случај и со последната по која излесе со реакција во јавноста.

Петровски се огласи на фејсбук во групата на организацијата каде што сподели:

-Минатата вечер го завршивме броењето на донациите кои нѝ ги дониравте во акцијата “Нахрани 10000” и нѐ оставивте без зборови.

Минатата вечер во нашиот магацин можев да ги видам нашите волентери радосни како никогаш досега…

Вкупно нѝ дониравте 3305 кг. храна и хигиенски средства! Ова е најуспешната ваква акција што сме ја имале и навистина нѐ оставивте без зборови, но со огромна насмевка на нашите лица.

Покрај донациите во храна и хигиенски средства, нѝ дониравте и 17.850 денари со кои ги помиривме сметките за струја за минатите три месеци, а ќе имаме доволно средства и за идните три месеци.

БЛАГОДАРАМ е мал збор за поддршката која нѝ ја давате секојдневно… ОГРОМЕН ПОКЛОН ПРЕД СЕКОЈ ОД ВАС!!! Довербата и поддршката која нѝ ја давате секојдневно е она што постојано нѐ турка напред и нѝ дава сила да продолжиме!

БОГ ДА ВЕ БЛАГОСЛОВИ И НАГРАДИ ЗА ВАШЕТО ЧОВЕКОЉУБИЕ СИТЕ!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *