(ФОТО) Некогашната македонска министерка се спрема да чува свињи – кажа и зошто

  • By klaster3
  • септември 22, 2022
  • 0
  • 318 Views

Изминатиов период она што е актуелно во јавноста е појавата на африканската чу ма кај домашните свињи поради што илјадници од нив во Истокот на земјава беа отстранети.

Екс – македонската министерка Фросина Ременски често е активна на социјалните мрежи каде споделува делови од приватниот живот, а особено интересни на јавноста и се објавите од с. Ратево, малешевско.

Ременски таму одгледува разни градинарски производи, готви традиционални македонски, но и странски специјалитети, а овојпат реши да се осврне на темата истре бување на свињите па напиша:

„Малешевијата е сточарски крај во кој се одгледува добиток. Агенцијата за храна и ветеринарство донело не среќна и непромислена одлука за депопулација на свињите во Малешевијата, заради заштита од бол еста Африканска ч ума.

Не среќна и непромислена е заради фактот што оваа одлука не ги пресметала реалните ри зици и шт етите по егзистенцијата на секое второ семејство во Малешевијата кое произведува органска храна за сопствена-семејна употреба и прехрана.

Нема жител во Малешевскиот крај кој не знае да примени и прифати мерки за заштита на својот добиток, што значи заштита на своето здравје, на добитокот и на околината.

Но, нема жител, исто така што може да поднесе и прифати директива на ште та на својот опстанок.

Непријатно сум изненадена што оваа одлука ја донел претседател на партија на Власите кои во принцип се традиционално важат за сточарски народ и важат за најголеми заштитници на сточарството.

Верувам дека министерот Љупчо Николовски ја испитал причината за оваа “субверзивна одлука” во време кога светот е во бит ка за производство на храна, а не забрани за одгледување добиток и уште утре ќе ја демантира веста дека ваква одлука воопшто може да влезе во си ла.

Ако се прашувам, би предложила мерка за задолжително одгледување на добиток и живина во руралните средини, дури и за тие кои не размислувале да одгледуваат.

Тоа ќе придонесе за егзистенцијата на нивните семејства и заживување на селата. Се, друго е на штета на руралниот и економскиот развој.

Јас спремам 2 свињи за чување фоф гората фоф с.Ратево за “клиси, маст …”, и знам дека ќе ги чувам, заедно со сите соселани – индивидуални одгледувачи на свињи кои денес протестираа и дека, со чу мата ќе се бориме со разбирање, а не со забранување.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.