(ФОТО) Лила покажа со кого се допишува па порача: Вие сте небитни

  • By klaster3
  • јуни 20, 2022
  • 0
  • 363 Views

Несомнено Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.

Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за нјуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.

Веќе 11 сезони секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.

Освен тоа имаме прилика да ја гледаме секој ден во забавното шоу „Се или нешто“, Лила е активна и на социјалните мрежи на кои што рекламира одредени модни брендови, козметички произови, патувања, накит.

Лила е родена во Шведска, каде што живеела 12 години. Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче.

Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.

Нејзината популарност до израз доаѓа со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“.

Наредните години водела ток-шоуа и забавни емисии, еден од нив бил „Таму кај што си” со Мишко Барзов.

Не може да почне летната сезона, а Лила да не изрекламира некоја позната или помалку позната, но скапа дестинација за одмор. Заедно со нејзиниот најверен придружник, колегата Спасе, деновиве го започнаа првиот одмор сезонава во Бодрум.

Веќе сменија неколку познати хотели, а Лила за тоа ги известува следачите преку социјалната мрежа Инстаграм. Несомнено е дека многумина би сакале да бидат на нејзино место, но ретко кој не сака да знае дали некој ја части или со свои пари се одмара.

На нејзиниот Инстаграм профил секојдневно споделувафотографии од приватниот живот, па така и сега објави дел од пораките со позната личност.

Имено, станува збор за пејачката Наташа Беквалац која на 22ри јуни ќе настапува во клубот Интермецо во Скопје. Лила веќе ги има обезбедено картите на што пејачката и вратила со срциња, па Лила напиша: Јас се допишувам со Ната.. вие небитни

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *