Лејла Рамковска меѓу народот позната како ќерка на познатиот Велија Рамковски поранешен сопственик на веќе непостоечката А1 телевизија и неколку други медиуми и поранешна сопруга на Сефер Цановски, синот на Фиат Цановски.
Лејла е прекрасна жена, мајка на две деца, која неизмерно и е посветена на јогата. На нејзината витка фигура не можете да останете рамнодушни, а фотките кои ги објавува на својот Инстаграм профил воодушевуваат многумина.
Една од „главите“ на А1 телевизија беше и Лејла Рамковска, ќерка на сопственикот Велија Рамковски. Таа по затварањето на телевизијата се посвети на сосема поинаква професија со која се занимава и денеска…
Лејла денес е една од најдобрите јога-инструктори во нашата земја, а резултатите од овој спорт се многу очигледни кај неа. Тоа најдобро може да се види и на нејзиниот профил на Инстаграм каде има стотина фотографии како вежба Јога.
Ако кажеме дека има Лејла има совршено тело, можеби ќе биде премалку. Освен Лејла, Велија Рамковска ја има и ќерката Емел која во случајот „Пајажина“ одлежа шест години зад решетки.
Со татко и Велија откако завршија зад решетки првпат се виделе во судница, каде што се задржувале по цели денови, па имале време да поразговараат и да бидат заедно.
Тешките денови за фамилијата Рамковски се веќе минато и тие уживаат во слободата, а неретко може да се сретнат во јавноста.
Пред извесен период Велија и семејството повторно се најдоа во центарот на медиумското внимание откако се прошири вест дека повторно планираат отварање на А1 тв што се покажа како неточна, барем во моментов.
Лејла денес објави фотки со татка си Велија како планинарат и притоа напиша дека тој иако на 75 години секој ден ги практикува прошетките.