(ФОТО) Катарина Ивановска на терапија – објави и фотки

  • By admin
  • октомври 4, 2022
  • 0
  • 316 Views

Без сомнение, Катарина Ивановска важи за една од најубавите жени Македонки која својата кариера ја гради како манекенка, но и глумица.

Катарина својата кариера како манекенка ја започнала во веќе далечната 2004 година на Миланската модна недела по освојувањето на Лоок Моделс Интернатионал кастингот за модели во Македонија.

Се има појавено на насловните страни на магазините Дива и Махима, и во реклами за во 2006. Во 2010, Ивановска се појавила во српскиот магазин Елле. Во 2011 потпишала договор за рекламирање на продуктите на Викторија Сикрет.

Во врска е со човекот кој важи за еден од најдобрите спортисти во историјата на Македонија. Човек кој што ја направи една од најдобрите и најуспешни интернационални кариера кога станува збор за Македонците.

Перо Антиќ беше и се уште е првиот роден Македонец кој заигра во НБА лигата, а притоа е трикратен освојувач на Евролигата.

Како што е познато Перо Антиќ во моментов ја извршува функцијата претседател на кошаркарската федерација на Македонија.

Освен што враќањето во Македонија му донесе нова функција и нови предизвици, тој реши да сврти нов лист и на љубовен план. Тој е во љубовна романса со моделот Катарина Ивановска која исто така зад себе има брак и деца.

Антиќ за првпат ја призна својата врска со Катарина кај јутјуберот Лазаров, Антиќ иако со кратки одговори, сепак обелодени дел од својата приватност.

Лазаров го праша како им започнала врската на што Перо даде краток одговор: „Романтично, како познати претходно се знаевеме, здраво, здраво“ изјави Антиќ и кажа дека за приватниот живот не сака да зборува.

Манекенката Катарина Ивановска исто така неодамна во интервју за „Бекстејџ“, конечно откри во какви односи е со Перо Антиќ. Имено, на прашањето дали се во врска, манекенката одговара потврдно и потенцира дека се заедно.

Заедно често патуваат иако оску дни им се заедничките објави на социјалните мрежи. Но, понекогаш во посебни прилики знаат да објават заедничка фотографија како овојпат кога Перо сподели честитка за Катарина.

Пред неколку дена Катарина на својот профил на инстаграм објави низа фотографии покрај кој напиша: Терапија.

Истите се направени на Споменикот на слободата во Кочани, а описот терапија прецизно не е познато што значи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.