(ФОТО) Калиопи со голема загуба – бројни балкански и македонски ѕвезди и искажуваат сочувство

  • By admin
  • јуни 7, 2022
  • 0
  • 399 Views

Кога станува збор за Калиопи Букле не е потребно да се трошат премногу зборови. Без соменени е една од најистакнатите македонски уметница, вокален изведувач, композитор и текстописец.

Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп-музика. Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесеттите.

Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп-музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид, а детството го помина во Кичево. Татко ѝ е со влашко, а мајка ѝ со македонско потекло, но Калиопи не го зборува влашкиот јазик.

Ќе биде запаметена по победата на едно од првите изданија на детскиот музички фестивал Златно Славејче, во 1976 година, со песната Мојата учителка.

Таа е доста активна на социјалните мрежи, па често на инстаграм или фејсбук споделува фотки или видеа од нејзиниот приватен живот.

Овојпат Калиопи на Инстаграм се огласи ожалена и сподели вест за голема загуба откако овој свет го напушти нејзиниот татко.

Тато мој, Моја сила, светлост, сјај, Замина и со себе однесе дел од малечката Опи. Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш.

Под објавата на Калиопи веднаш доби пораки за утеха во кој бројни македонски, но и балкански музички ѕвезди и изразуваат сочувство.

Никола Роквиќ, Жељко Самарџич, Нина Бадриќ, Каролина Гочева, Елена Петреска и многу други беа кои и упатија по некој збор за утеха.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *