(ФОТО) И официјално вакцината Астра Зенека замина во историјата

  • By admin
  • март 30, 2021
  • 0
  • 1975 Views

Од Канада ни пристига вест дека Канадскиот национален советодавен одбор за имунизација, кој го надгледува спроведувањето на кампањата за вакцинација против вирусот, препорача вакцината од „Астра зенека“ да се прекине и да не им се дава на лица помлади од 55 години и побара нова анализа на риз икот од оваа вакцина заснован врз возраста и полот.

Исто така и градските власти во Берлин ја прекинаа употребата на вакцината „Астра Зенека“ за лица под 60 години, повикувајќи се на нови податоци за сомневање за нес акани ефекти.

„По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена“,

Оваа вакцина предизвика многу дискусија кај јавноста иако надлежните и здравствените власти уверуваат дека е максимално безбедна.

Астра Зенека ја ребрендираше својата вакцина против вирусот, потег што се совпаѓа со бор бата на компанијата да ја увери јавноста дека нејзиниот лек е безбеден, по бројните извештаи за потенцијални нег ативни ефекти.

Британско-шведската фармацевтска компанија го ребрендираше својот производ, во „Ваксзевриа“. Во соопштението за печатот, компанијата рече дека промената на името не вклучува никакви измени во реалниот лек.

Медицинските работници треба да бидат свесни за ребрендирањето, рече фирмата, бидејќи обележувањето и пакувањето може да изгледаат поинаку, пренесува РТ.

Европската агенција за лекови го потпиша новото име минатата недела откако АстраЗенека побара одобрување за промената од регулаторот на ЕУ.

„Ковишилд“, кој се заснова на истата формула, но е развиен во соработка со Институтот за серум во Индија, ќе го задржи сегашното име, односно останува „Ковишилд“.

Дебито на „Вакзевриа“ доаѓа во моментот кога АстраЗенека избегнува растечка не сигурност во врска со својата вакцина, создадена во соработка со Универзитетот Оксфорд.

Повеќе од десетина земји низ Европа привремено ја запреа употребата на вакцината по извештаите за згрутчување.Здравствените работници на ЕУ, како и фармацевтската фирма, тврдат дека вакцината е безбедна и не е поврзана со медицинските изолирани случаи, од кои некои доведоа до не сакни последици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *