Иренче, поточно македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.
На македонската музичка сцена е присутна повеќе од 30 години, нејзината кариера започнала уште од далечната 1989 година, па може да се каже дека Ирена има свое реноме во фолк-музиката.
Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во периодот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.
Настапуваа на сите фестивали и манифестации во Македонија во тој период. Беа познати по песните: „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов.
– На 16 години веќе бев најмалиот учесник на Фолк-фест Валандово во 1988 година, го имавме заедничкиот настап со Адријана, и сето тоа со молскавична светлина некако се одвиваше, и мислам дека до 20 години веќе го прошетав цел свет.
Ирена и Адријана беа специфични по имиџот, за секој настап беа облечени во впечатлива креација. Потоа тројцата заминаа по својот пат, а Ирена ѝ се посвети на музичката кариера, но веќе извесно време добро ѝ оди и на социјалните мрежи.
Ирена ужива да патува, а често посетува егзотични места за време на летото. На почетокот на летото Спасовска веќе беше на одмор.
Несомнено е дека Спасовска навистина добро изгледа за нејзините години бидејќи посветува внимание на себе.
Нашата фолкерка постојано е букирана со настапи, па така и овојпат, следниот настап и е на 19ти ноември во Италија поточно во местото Трентино.
Она што е сигурно е дека Македонците таму ќе имаат одлична забава, а Спасовска слободното време го искористи да се прошета и да ги наполни батериите.
Таа ги посети познатите туристички места Мадона Ди Кампиљо и Рива дел Гарда од каде што сподели впечатоци и фотографии на Фејсбук: Италија. Во ра јот на земјата, монденско туристичко градче – Мадонна Ди Кампиљо.