(ФОТО) Емел, ќерката на Велија Рамковски која беше зад решетки иако наполни 50 години изгледа одлично

  • By admin
  • ноември 24, 2021
  • 0
  • 419 Views

Емел Рамковска е ќерка на сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски, која во случајот „Пајажина“ одлежа шест години зад решетки.

Со татко и Велија откако завршија зад решетки првпат се виделе во судница, каде што се задржувале по цели денови, па имале време да поразговараат и да бидат заедно.

Таа првиот слободен викенд го добила после 4 години од. Вели, успеала да преживее бидејќи верувала и знаела дека не направила ништо ло шо и дека најголема сила и давало тоа што нејзините деца се добро.

–Во Шутка поминав 28 месеци и не ми дозволи да ги видам моите деца. Имав некои лекарски прегледи и тогаш само можев да ги видам. Морав да им ја кажувам приказната дека ние сме јаките и се бо риме против ло шите – раскажува Рамковска.

-Ништо што можеш да кажеш на едно дете, не трае 2,5 години. Првото беше пасош изгубен, па потоа на пат сум, но таа приказна не можеш да ја одржуваш толку години, рече Рамковска.

„Имaвме медиум, јас еден период бев дописник од Истанбул за А1, никогаш не помислив дека еден ден ќе зборувам за ова. Во 2008 година се вратив од Истанбул после 18 години живеење таму, и се случи тоа што се случи“, кажа во едно интервју.

Таа откако излезе од зад решетки се врати на нормалниот живот, но она низ што помина секако не може да го заборави.

Пред некој ден Емел имаше причина за да слави, а тоа беше нејзиниот јубилеен 50-ти роденден. Иако влезе во шестата деценија од својот живот мора да признаеме дека таа изгледа одлично и многу помладо.

Дури и ако кажеме дека изгледа како тинејџерка нема да погрешиме. Честитки пристигаа од сите страни, па така и од нејзината сестра Лејла.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *