Првата дама на Македонија,Елизабета Ѓоргиевска често можеме да ја видиме во јавноста и е доста активна на социјалните мрежи.
Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.
Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.
Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции.
При секое појавување го привлекува општото внимание – со дискретниот филигрански изглед, секогаш внимателно заокружен, и со одмереноста на искажаните ставови, секогаш добро обмислени.
Елизабета важи за жена која секогаш е насмеана и делува расположена кога е во јавноста, а исто така ја одликува и хуманоста.
Неодамна заедно со активистката Весна Миленкоска подготвуваше оброци за загро зените семејства во охридско-преспанскиот регион со цел да им помогне во овие кри зни времиња.
Сега, првата дама на Македонија, повторно е во преспанскиот регион, од каде што сподели како умее да работи и во овоштарството:
Во пресрет на Меѓународниот ден на руралната жена, вчера го посетив преспанскиот регион.
Во село Болно, Ресен, ме пречекаа трудољубиви земјоделки, меѓу кои и Фросина Ѓорѓиевска, чија работа е инспирација за понатамошен развој на земјоделството како стопанска дејност која може да придонесе за одржлив развој на руралните средини.
Заедно со Центар за управување со промени – ЦУП / Center for Change Management и Националната федерација на фармери одблиску се запознавме производството и складирање јаболка и учествувавме во берба на јаболка.
На фармата се запознав и со семејството Транталовски, чијашто производната линија „Преспино“ претставува пример за јакнење на свеста за купување и вреднување на домашното производство.