(ФОТО) Елена Ристеска се опчекори и со крената нога позираше, па реши да ги почасти фановите

  • By admin
  • август 31, 2021
  • 0
  • 4096 Views

Нашата пејачка Елена Ристеска долги години наназад важеше за една од најдобрите македонски пејачки и воедно најбарана кај публиката, но во последно време од нејзе нема ништо ново на музички план а и ја нема на настапи.

Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови. Иако веќе подолго време нема снимено ново музичко парче, љубителите на нејзината музика се’ уште ги слушат нејзините стари хитови.

Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови, а во 1996 година започнува да пее во училишниот хор.

Елена официјално и стана позната на македонската публика со победата на музичкото талент шоу – „Плеј – Потрага по ѕвезди“.

Oтогаш започнува нејзиниот музички пат и кариера во Македонија. Таа го снимаше својот деби сингл „Она другото“ , а потоа го снима и својот прв албум насловен како „Ден и ноќ“.

Ристеска со песната „Нинанајна“ ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“ и го освои 12-тото место.

За Елена Ристеска не сме слушнале или прочитале некаков нотивет на музички план, но затоа веќе подолг временски период е комплетно ангажирана на својот козметички бренд „Ера“.

Елена Ристеска музиката ја стави во втор план, па започна нов сопствен бизнис. Имено, како што е познато, Ристеска лансираше машки и женски парфем од својата „ERA“ колекција.

Пред неколку дена Елена на својот профил на инстаграм сподели неколку фотки од Охрид, а на една од нив позираше опчекорена со крената нога.

Притоа таа сподели наградна игра со еден од тамшните хотели со што ги израдува своите фанови кои се потенцијални добитници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *