(ФОТО) Елена Ристеска покажа како печали во Германија

  • By admin
  • август 21, 2021
  • 0
  • 14727 Views

Елена Ристеска долги години наназад важеше за една од најдобрите македонски пејачки и воедно најбарана кај публиката, но во последно време од нејзе нема ништо ново на музички план а и ја нема на настапи.

Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови. Иако веќе подолго време нема снимено ново музичко парче, љубителите на нејзината музика се’ уште ги слушат нејзините стари хитови.

Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови, а во 1996 година започнува да пее во училишниот хор.

Елена официјално и стана позната на македонската публика со победата на музичкото талент шоу – „Плеј – Потрага по ѕвезди“.

Oтогаш започнува нејзиниот музички пат и кариера во Македонија. Таа го снимаше својот деби сингл „Она другото“ , а потоа го снима и својот прв албум насловен како „Ден и ноќ“.

Ристеска со песната „Нинанајна“ ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“ и го освои 12-тото место.

За Елена Ристеска не сме слушнале или прочитале некаков нотивет на музички план, но затоа веќе подолг временски период е комплетно ангажирана на својот козметички бренд „Ера“.

Елена Ристеска музиката ја стави во втор план, па започна нов сопствен бизнис. Имено, како што е познато, Ристеска лансираше машки и женски парфем од својата „ERA“ колекција.

-Не сум активна на музичката сцена можеби некаде околу две години, до душа последната година и сите мои колеги мируваа. Се посветив на мојот бренд ,,ERA”, добро ми оди сега засега, вели Елена.

-Имаме и машка и женска колекција, наскоро планирам да внесам и ,,унисекс” верзија која би ја користеле и двата пола. Колекцијата е достапна низ целиот свет, значи буквално сегде.

-Секако најголема побарувачка има овде кај нас, но морам да напоменам дека голема заинтересираност има и во САД. Најдраго ми е кога истите клиенти се враќаат повторно, односно се задоволни, купуваат за себе, за поклони и слично, истакнува Ристеска.

Во таа насока оди и нејзината објава на Инстаграм каде што сподели дека е испратена нарачка од нејзината колекција за Германија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *