(ФОТО) Елена Велевска замина на егзотична дестинација – ужива во луксуз и богатство

  • By klaster3
  • април 4, 2022
  • 0
  • 386 Views

Без сомнение Елена Велевска важи за една од најдобрите, најпопуларните и секако најбараните фолк поп пејачки во Македонија, но и во дијаспората.

Таа е родена да пее, да се изразува преку музиката, зошто тоа најдобро го знае. Родена е да ја споделува својата раскошна македонска душа со вас која во душата вистински ја познавате добрата песна.

Таа е една од дамите на домашната сцена којашто секогаш внимава на својот изглед и имиџ и што и да облече го носи со стил.

Пејачката лани се разведе по долги години брак и минуваше низ тежок период, но сега вели дека сега се е во најдобар ред и посветена е на децата и кариерата.

Моментално работи на албумот „Ѓердан за душата” во кој ќе има неколку одлични песни, меѓу кои една со ќерка и која веќе тргнала по нејзини стапки.

– Ќерка ми уште од помали години изразуваше љубов кон музиката, а и ги следеше и музичите шоуа и аудиции. Јас немав толку време да одам по тие настани, па решив преку мене да и овозможам просперитет.

– Инаку јас сум започнала во кафеана и не се срамам да настапувам. Ги бирам местата, а мојата цена ги ограничува местата каде да можам да пејам а каде не. Јас сум скапа пејачка, додава Елена за Г – Карпет.

– За да успеам и да опстанам на оваа сцена морам да инвестирам за да имам поврат на тоа. А со тоа и настапите ќе се зголемат.

Јавноста редовно ја информира за себе и својата кариера на социјалните мрежи, по што следуваат лавина на коментари, лајкови и споделувања.

Според нејзините објави Велевска продолжува со музичките настапи по локалите главно на домашна сцена.

Сепак, тоа не ја спречува во периодот помеѓу настапите да се спреми и да „летне“ надвор од земјава и тоа не за настап, туку на прошетка.

Ни помалку, ни повеќе познатата пејачка избрала да се почести со одмор во егзотичната дестинација Дубаи иако не открива со кого.

Нејзините објави на социјалните мрежи сведочат за тоа дека пејачката навистина знае да ужива во луксуз, а можеби и ќе се поднови со нешто скапо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *