(ФОТО) Една од најубавите Македонки промени професија – стана водителка

  • By admin
  • април 19, 2021
  • 0
  • 1494 Views

Како што е познато некогашната Мис на Македонија, манекенка и модел Вера Мештеровиќ во моментов повторно е сингал откако пред неколку години со екс фудбалерот на повеќе клубови во земјава и странство Игор Кралевски, по една деценија брак се разделија.

Денес, 40-годишната Вера важи за една од најубавите жени во нашиот јавен живот. Годините ретко коj би ѝ ги дал, а таа вели дека е до негата, но и до генетиката и нејзиниот детски, палав дух.

Секое работно утро, од 06:45 ќе може да се будите со Вера и со целиот тим на „Здраво Македонија” на Канал 5 телевизија.

Згодната убавица, првата Мис на самостојна Македонија, една од топ 10 Мис на свет, Мис на хуманост, топ модел, балерина, играорка, модератор и актер, дипломиран менаџер – Вера Мештеровиќ стана дел од тимот на Канал 5.

Најдобрите совети и рецепти на тема здравје, дом, родителство, животен стил се нејзиното главно поле на делување. А како изгледа сето тоа, само вклучете Канал 5 и се’ ќе ви стане појасно.

Вера пред неколку дена лично преку социјалните мрежи се огласи и порача.

Утринска програма на Канал 5 ТВ од денеска на мое големо задоволство се дружам со Вас драги гледачи покрај малите екрани заедно со моите колешки Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска на кој им благодарам за топлото добредојде и на целиот колектив позади камерите.

Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети,рецепти,информации и секако актуелни теми за кој ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење.

Ви посакувам убав ден,секое добро,се гледаме на Канал 5 ТВ во 6:50 часот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *