Дарко Јефремов, попознат во јавноста како Дарко Влогс е македонски камионџија кој живее и работи во Америка, а во исто време е инстаграмџија.
Кој го користи секој слободен момент да постира и да објавува интересни и актуелни ситуации од животот, а исто така и постирање на многу хумани работи.
Тој во меѓувреме се ожени, па со својата сопруга патува и работи со камионот и го истражува континентот и сподлеува со јавноста.
Денеска Дарко покажа како изгледа неговиот живот во камионот, односно што и како и е организирано во еден мал простор.
– Се собравме некако во два метри квадратни, овде пред мене се работи како што сее такографот, кој покажува колку треба да возам и навигацијата.
– Веднаш до мене седи ,,Бебо” (сопругата ја нарекува така), a напред имаме место каде што лежи мачката Ото, како и место за хранење на Ото.
– Во камионот има два кревети, ова е местото каде што спиеме, тука ни е и рерната за готвење, како и фрижидерот веднаш до креветот.
– Сега купивме и нов телевизор од 32 инчи што го сместивме овде, имаме и залиха овде за зачини и чаши и разни прибори, вели Дарко покажувајќи кон нив.
– Во овие два метри квадратни се снајдовме со еден збор ,,Ворк анд Травел”. Или во кратки црти би кажал канцеларија,
– Дневна, Спална, кујна, тука имаме и плинско, како и гардероберот овде, а облеката ја чуваме во торбица под креветот, вели тој на својот инстаграм профил.