(ФОТО) Гоце Тодоровски и Лазар Бараков пак се обединија, па најавија – се крчка нешто нов

  • By admin
  • мај 4, 2021
  • 0
  • 2252 Views

Како што е познато Македонски народни приказни се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други).

Овие кратки ТВ епизоди беа снимени од страна на ТВ Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.

На 7 октомври 2009 година започнало снимање на нови делови на серијалот. Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова.

Понатака режирањето ќе биде препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски. Снимњето е под капата на МТВ и дел од приказните се засновани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков.

Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваат голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски глумци.

Првата епизода од новите македонски народни приказни снимани од МТВ се вика „Грнчарот“ и се снимала во едно од студијата на МТВ. Останатите епизоди се снимани во околината на Скопје, како на пример: во дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон, во селото Нерези, во селата Добри Дол и Соње, во Куршумли ан, како и во студијата на МТВ.

Покрај МТВ, македонските народни приказни се снимаат и во продукцијата на А1 Телевизија . Нови приказни досега нераскажани, воглавно од 20 век, со нова актерска екипа, снимани на локации во село Бањани и Чучер.

Голем број наши граѓани израснаа со овие приказни, а и ден денес иако минаа многу години се актуелни.

Низ нив поминаа голем број глумци, но главен белег најмногу оставија: Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова,Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски,Лазар Бараков,Гоце Влахов, Владимир Ангеловски – Дади , Стојна Костовска, Дубравка Киселичка, Анче Џамбазова, Иван Каровски, Кирил Андоновски,Димче Мешковски, Васил Шишков,Џемаил Максут, Ѓокица Лукаревски и други.

По многу години дел од овие актери се обединија повторно и со нов проект најавија дека подготвуваат нешто, што го најавија на социјалните мрежи.

Лазар Бараков уште пред едене месец најави со објавената фотка на која што напиша:

Нешто ново спремаме со колегите Владо Дојчиноски и Кирил Андоновски.

Потоа следеше уште една најава во која вели: -Работно, во нови победи, за Сител ТВ

Пред некој ден Лазар Бараков со нова фотка на која е со Гоце Тодоровски повторно најави: Сериозно, работно… во нови победи,

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *