(ФОТО) Горан Пандев слави – денес е твој ден

  • By admin
  • јули 23, 2022
  • 0
  • 332 Views

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев ужива во летниот одмор иако се уште нема донесено одлука дали ќе продолжи активно да игра.

Пандев на последниот ден од зимскиот преоден рок реши да ја промени клупската средина, но не и државата. Како што е познато Пандев и понатаму остана во Италија, но Џенова ја замени со Парма, однсно Серија А со Серија Б.

За Пандев е познато дека од 2009 година е во брак со сопругата Надица и имаат две ќерки и еден син кои се неговото најголемо богатство.

Веќе добро познато е дека Горан Пандев од 2009 година е во брак со прекрасната Надица, со која имаат три дечиња и тоа синот Филипо, ќерката Ана и најмалата ќеркичка Софија, родена во 2018 година.

Сопругата Надица и приказната како се запознале е интересна, а Пандев вели дека таа успеала за момент да го победи фудбалот.

„Сакав само да играм фудбал, не ме интересираше ниту училиште, ниту девојките премногу.Сепак Надица е мојата животна сопатничка, мојата љубов, а не запозна еден заеднички пријател. Имам прекрасно семејство и три деца што се родени во Италија. Филипо во Милано, Ана во Неапол и Софија во Џенова“, раскажа Пандев за ТВ Џенова.

Неодамна во едно интервју за „Женски Магазин“, говореш и самата Надица како функционираат.

-Воопшто не е лесно да се одржи една нормална семејна атмосфера. Горан повеќе време поминува надвор од дома. Тренинзи, натпревари, патувања. Тие се неизоставен дел од неговата професија.

Со децата имаме големо разбирање за неговата професија. Истовремено ја знаеме и ја почитуваме неговата вредност. Се трудиме сите проблеми, кои се јавуваат како и во секое семејство, да ги решиме на свој начин.

Денес Горан Пандев и неговото семејство имаат причина да слават, а тоа е нивното најмало дете, Софија.

Дене е твојот ден, среќен роденден- напиша тато Горан на Инстаграм.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *